Загубата, во најголема мера, е генерирана од автомобилското осигурување, што опфаќа 90% од исплатените премии. Осигурителниот пазар во Романија е најмногу зависен од автомобилското осигурување.
Сметката на оваа српска компанија веќе 701 ден е блокирана, а околу 300 поранешни работници бараат да им се исплатата заостанатите плати во износ од над 970.000 евра.
Чешко смета дека помладата популација е интересен сегмент од пазарот на којшто има големи можности. Традиционално, купувачите на Studio Moderna се луѓе постари од 40 години.
Научно – технолошкиот парк ќе се простира на површина од 29.000 метри квадратни, од кои 10.000 ќе бидат училници и лаборатории на Факултетот за технички науки.
Технолошката компанија IBM на пролет следната година во Хрватска го отвора Client innovation center во којшто се очекува да бидат вработени 500 лица.
Жителите на Романија од оваа есен ќе можат онлајн да ги плаќаат обврските по основ на даноци и такси, најави тамошниот премиер Дачиан Чолос.
Промоцијата се спроведува со делење на промотивни летоци со слоганот – Добредојдовте во Србија – насмевката на гостопримството, поставување на билборди, како и воспоставување на WiFi бесплатни зони на неколку гранични премини.
Тие користат таканаречени тук тук електрични возила, коишто се први од таков вид во Хрватска и со нив организираат специјализирани мали туристички обиколки низ Дубровник и околината.
Германскиот трговски синџир Lidl наскоро започнува со изградба на комплекс во српскиот град Вршац.
Турската групација Dogus во хрватскиот град Задар го носи луксузниот хотелски бренд Hyatt, пишува Јутарњни лист.
Романија е 14-ти најголем извозник на обувки во светот, со вредност на извозот од 1,3 милијарди долари, пишува Romania Insider.
Хрватскиот хотел Парк Плаза Арена е првиот хотел што на своите гости ќе им овозможи да ја отворат вратат од својата хотелска соба или апартман со помош на апликација за мобилен уред.
Романија е на последно, а Бугарија на претпоследно место по иновации во Европската унија, покажуваат податоците на Европската комисија.
Локацијата во Целје за новиот инвеститор е стратешка и привлечна, бидејќи од фабриката Jolly во австрискиот град Грац е оддалечена само еден час возење.
Цените на овие сирења се движат од осум до 12 евра за килограм, во зависност од вкусот. Најскапи се оние со бели тартуфи, 32 евра за килограм.
Секој од жирантите годишно во просек отплаќа околу 1.000 евра туѓ долг. Најголема експанзија на сомнителни кредити, со рок на отплата од пет до десет години, се во периодот од 2005 до 2008 година.
Трговците што нема да го почитуваат законот, ќе бидат казнети со парични казни од 22.000 до 33.000 евра.
Со своите напредни агротехнолошки софтверски решенија, Agrivi им помага на земјоделците ширум светот во постигнување ефикасно, профитабилно и одржливо производство.
IBM ќе стане прва компанија што ќе развива когнитивна компјутерска технологија во Романија.
Велосипедската патека би била долга 670 километри, а нејзиното градење би претставувало прв ваков проект во Европа.
Освен што ќе работи под ново име, банката го менува и логото, коешто од сино и сиво станува црвено.
Во новиот погон нема да се произведуваат генерички, туку иновативни, таканаречени оригинаторни фармацевтски производи.
Турскиот бренд за производство на апарати за домаќинство Arçelik, којшто е во сопственост на Koç Holding, потпиша договор за преземање на компанијата Dawlance од Пакистан за 258 милиони долари.
Најголемите 100 мали и средни компании во Романија, основани од млади претприемачи коишто првпат почнуваат бизнис, забележаа промет од над 39,8 милиони евра минатата година и направија профит од 2,6 милиони евра.