Принцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед ал Нахјан на Копаоник ќе гради луксузен хотел од 10.000 метри квадратни во планински стил.
Хрватската компанија M SAN Група го претстави денес својот паметен телефон под брендот Vivax Point, кој во првите две недели откако е пуштен во продажба е продаден во над 4.000 примероци.
Во последните десет години во Босна и Херцеговина се инвестирани околу 5,6 милијарди евра, најмногу во областа на финансиско посредување, пошта и телекомуникации, трговија на големо и посредување во трговија, производство на кокс и нафтени деривати, како и во производство на прехранбени производи и пијалоци.
Бугарското министерство за животна средина и води ќе го ограничи користењето на фосфати во детергентите и таблетите за машини за миење садови во согласност со европските регулативи.
Хемиската индустрија Невена од Лесковац наскоро ќе престане да ги произведува шампонот и пенливата купка за деца Косили, затоа што нема да плати 600.000 евра за обнова на лиценцата на швајцарската компанија Гретер.
Владата на Србија предложи да се забрани вработување на нови лица во јавниот сектор поради пополнување на слободни, односно испразнети работни места до 31 декември 2015 година, освен во исклучителни околности.
Словенечката агенција за заштита на пазарната конкуренција (АВК) објави дека позитивно ја решила пријавата на хрватски Агрокор за концентрација, во врска со спојувањето со Меркатор.
Владата на Федерацијата на Босна и Херцеговина вчера донесе одлука со која Договорот за концесија за истражување на нафта и гас во Динаридите го прогласи од стратешки интерес, а интерес за концесија искажала нафтената компанија Shell.
Со затворањето ќе се заштедат повеќе средства, а Комората ќе ги задржи претставништвата на клучните пазари, како што се Москва, Брисел, Милано, Франкфурт, Виена и Париз.
За приватизацијата на хрватскиот национален авиопревозник Croatia Airlines не пристигнала ниту една понуда, потврди министерот за море, сообраќај и инфраструктура, Синиша Хајдаш Дончиќ.
ЕБОР, ЕИБ и Светската банка потпишаа договор за три кредити со министерството за финансии на Србија, во вредност од вкупно 273,8 милиони евра за обнова и зголемување на безбедноста на патиштата.
Шведската компанија соопшти дека поради големиот број на пријави имало проблеми со работата на страницата, па затоа одлучиле да го продолжат рокот за пријави за уште еден ден.
Хрватската народна банка (ХНБ) на пазарот ќе ослободи 510 милиони евра преку намалување на стапката на задолжителна резерва за 1,5 постотен бод, од 13,5 на 12%.
Московската компанија изразила интерес, по купувањето на државниот пакет акции, да го унапреди работењето на Симпо преку зголемување на производството и продажбата, особено на рускиот пазар.
Се очекува со договорите China General Nuclear Power Group (CGN) да добие улога во изградбата на новите реактори во Чернавода, единствената централа во Романија.
Danube Foods група повторно почна преговори со потенцијални купувачи за продажба на белградската млекарница Имлек, изјави директорката на корпоративни и регулаторни работи на компанијата, Светлана Глумац.
Фондот е наменет пред се за развој на мали и средни претпријатија, а вкупните средства од 140 милиони евра се планирани за различни иницијативи, гаранции и техничка помош на компаниите.
Планирано е да се градат седум хотели, преку 200 вили, 500 апартмани, пристаниште со место за 400 сидришта, голф терен. Веќе се склучени три договори со инвеститори, а проектот вреди 920 милиони евра.
Изградбата на проектот вреден 1,9 милијарди евра ќе трае две години, а пуштањето во употреба е планирано за 2016 година.
Откако пред година ипол воведе инвеститорите што градат хотели со четири и пет ѕвездички да плаќаат 30 евра по квадрат за комуналии, градоначалникот Лазар Раѓеновиќ најави дека со новата одлука тој износ ќе биде сведен на нула евра.
Штрајкот на вработените на Аеродром Загреб продолжува и денес. Координацијата на синдикатите се уште не го добила концесискиот договор на увид и не сакаат во постапката за концесионирање да влезат без јасна ситуација.
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ и банкарите постигнаа договор според кој сите должници во швајцарски франци од 1 јануари 2014 година, за станбените кредити ќе плаќаат каматна стапка од 3,23%.
Croatia Airlines го објави редот на летање со промените за утре, од каде се гледа дека летот OU 366 од Загреб за Скопје е откажан.
Најголемиот регионален инвестициски форум посветен на финансирање на иновативни стартапи, мали и средни претпријатија и развој на претприемништво, Belgrade Venture Forum, почнува денес и ќе трае два дена.