За изработка на овие обувки е користен материјал етилен винил ацетат, а едноставниот дизајн ги прави лесни за производство. Освен што не треба да се шијат, лепат, да се подготвуваат калапи, тие можат и да се испечатат, да се превиткаат и веднаш да се носат.
Најголемата причина за растот на Inditex лежи во агресивното ширење на нови пазари и отворање нови продавници. Најголемиот светски трговец со облека, за шест месеци отвори 95 нови продавници во 40 различни земји.
Форд на европскиот пазар во следните пет години ќе лансира 25 нови модели. Се работи за потполно нови модели и нови генерации на веќе постоечките, а никако за варијанти.
Американската инвестициска банка JP Morgan мора да им плати 920 милиони долари казна на американските и британските власти, поради финансиски манипулации со цените на дериватите на почетокот на оваа година, во кои изгубиле 6,2 милијарди долари.
Компанијата BlackBerry до крајот на годинава ќе отпушти скоро 40% од вработените, поради финансиски проблеми. Процесот на отпуштање ќе се изведува во неколку фази и ќе ги зафати сите оддели во компанијата.
Од ноември овој видео сервис на Google ќе им дозволи на мобилните уреди зачувување на видеата, за да можат да се гледаат офлајн.
Со инвестирање на 100 милиони евра, погонот на Alstom стана најголема фабрика за делови за хидроцентрали во светот.
Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, веќе дваесет години по ред е најбогатиот Американец според листата на Форбс. Со вкупен имот проценет на 72 милијарди долари, Гејтс успеа годинава да ја врати и титулата најбогат човек на светот, што му ја преземе мексиканскиот милијардер Карлос Слим.
По седум години во приватна сопственост, хотелската групација Хилтон повторно излегува на берза. Сопственикот, приватниот фонд Блекстоун, очекува со иницијалната јавна понуда (ИПО) да обезбеди 1,25 милијарди долари.
Тајванската компанија HTC ќе отпушта 20% од вработените во американските подружници, поради подобрување на ефикасноста и оптимизација на работењето, што треба да и помогне да зачекори во нова фаза на раст и иновации.
Twitter ја направи својата најголема аквизиција и ја купи компанијата MoPub која нуди маркетинг услуги. Се проценува дека Twitter за овој стартап платил околу 350 милиони долари, пишува Блумберг.
The QS World University Rankings го објави најновото рангирање на универзитетите во светот. За да се состави оваа листа, разгледани се преку 2.000 универзитети.
Сопствениците на подземната железница во Пекинг од неодамна почнаа да им нудат на патниците можност наместо со пари, билетот да го платат со пластични шишиња. Со тоа ја чуваат околината, но и својот џеб.
Имотот во доцните 1930-ти го изгради Виктор Флеминг, режисерот на филмовите Волшебникот од Оз и Однесено со виорот. Лозовите насади се простираат на 13 хектари, а на имотот се наоѓа луксузна вила од 800 метри квадратни.
Apple тестира нови модели на iPhone, кои ќе бидат со поголеми екрани од нивните претходници, пишуваат светските портали.
Шпекулациите дека Sony може да продаде дел од својот бизнис се појавија по разочарувачките добивки во телевизиското производство и лошата продажба. Падот во продажбата на телевизори одамна е извор на грижи во компанијата, која некогаш се сметаше за пионер во електрониката.
“Знаевме дека сакаме логото што го рефлектира Yahoo - чудно, но сепак софистицирано. Модерно и свежо, со човечки допир, лично. Гордо.”
News Corp е издавач на познатите весници Wall Street Journal и New York Post во САД, The Sunday Times и The Sun во Британија и The Australian. Под капата на News Corp се наоѓаат уште и новинската агенција Dow Jones, Fox Sports Australia и издавачката куќа HarperCollins.
Ова возило може да помине 100 километри по 10 минути полнење на електрична мрежа, а најголемата брзина му е 60 километри на час.
Компанијата планира да продаде 4,17 милиони акции од својата А класа, со што се проценува дека ќе собере околу една милијарда долари, ако се земе во предвид дека вредноста на акциите на 30 август беше 240,04 долари.
Тајванската полиција уапси тројца водечки луѓе во одделот за дизајн на компанијата за паметни телефони HTC, поради обид за крадење деловни тајни
Јапонија ќе вложи 473 милиони долари за изградба на леден ѕид околу нуклеарката Фукушима за да се сопре истекувањето на радиоактивна вода од разрушената електрана.
Во компанијата работат околу 30.000 работници ширум светот, а 8.500 до 9.000 од тие што ќе добијат бонуси работат во Кина, додека останатите се во САД, Јапонија и други земји.
Земјите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република), на маргините на самитот Г20 ќе ја разгледаат можноста за создавање заеднички девизни резерви со цел регулација на пазарот на девизи.