Microsoft објави дека го купува одделот на Nokia за паметни уреди и услуги за кој ќе плати скоро пет милијарди долари и уште 2,2 милијарди долари за правата за патентите на Nokia.
Властите најавија дека на компаниите кои го прекршуваат законот за животна средина ќе им биде забрането да добиваат банкарски заеми и да собираат средства преку иницијални јавни понуди.
Околу 614.000 корисници на Facebook чии лични податоци се појавиле во спонзорирани текстови на овој сајт без нивна дозвола, ќе добијат отштета од по 15 долари во рамките на судско порамнување кое ќе ја чини компанијата 20 милиони долари.
Двата корејски производители на екрани Samsung и LG се многу близу до масовно произвдство на флекисбилни екрани, но сепак во ограничени количини.
Шведскиот произведувач на облека H&M, поради зголемувањето на трошоците на производство во Азија, најави отворање на фабрика во Етиопија.
Социјалната мрежа LinkedIn ќе овозможи профили да отвораат и лица кои не се полнолетни, па по новите правила, на оваа мрежа ќе можат да бидат присутни и оние што имаат 13 години, па нагоре.
Повеќе меѓународни компании ја сопреа работата во Египет каде веќе неколку дена траат жестоки борби. Своите фабрики и канцеларии ги затворија General Motors, Toyota, Royal Dutch Shell, Heineken и Electrolux.
Apple наскоро ќе лансира во продажба златна верзија на iPhone, објави интернет порталот за новости во технологијата TechCrunch.
Во второто тримесејче од годинава нето профитот на американската компанија Dell, споредено со истиот период лани се намалил за 72%, соопштуваат од компанијата.
Веб страната All Things D пишува дека Facebook тестира апликација наменета специјално за славните пејачи, глумци, спортисти, со што би им се олеснило пратењето на се она што се случува на нивните јавни профили кога не се во можност да пристапат до компјутер.
Во мај годинава се појавија информации дека компанијата LG сака да се врати на пазарот на таблети кон краот на 2013 година.
Социјалната мрежа Facebook наскоро планира на своите производи да воведе софтвер за препознавање и преведување на гласот, што во иднина би значело дека ќе може да ја контролираме оваа друштвена мрежа со помош на својот глас.
По 13 години на пазарот со повеќе од 155 милиони продадени примероци и повеќе од 10.000 игри, Playstation 2 ја заврши својата кариера на почетокот на годинава кога и официјално престана да се произведува.
Социјалната мрежа Facebook во иднина ќе прикажува статуси во зависност од тоа колку корисникот комуницира со авторот на објавата, дали истата е “лајкувана” и коментирана и според тоа колку од вашите пријатели обрнале внимание на тој статус.
Google ја прошири достапноста на својот сервис за споделување на музика во живо, Google Play Music All Access во неколку европски земји.
Една лондонска компанија за недвижнини дава под наем место за паркирање во центарот на Лондон во вредност од 465.000.Откако ќе се плати сумата за изнајмување паркинг местото може да се користи под наем 91 година.Паркинг местата кои што ги нуди компанијата Kay & Co., се наоѓаат близу до лондонскиот Хајд парк,...
Јапонската автомобилска компанија Тојота најави дека повлекува 370.000 пик-ап автомобили Такома, најмногу од САД, поради проблеми со сигурносниот појас.
Интернет гигантот Yahoo, кој во моментов поминува низ голема трансформација со купувањето на помали компании и менување на насоката на работењето, од следниот месец ќе добие и ново лого кое ќе биде во согласност со тие промени.
Компанијата HTC претстави нов смарт телефон Desire 500, чии карактеристики се екран од 4,3 инчи, квад кор процесор од 1,2 GHz, кој овозможува брз мултитаскинг, сурфање на интернет, како и играње игри со значително подобрена графика.
Максимални казни за Субрата Рој и уште три директори на сестринските компании, како и одземање на нивните пасоши.
Британскиот бизнисмен со кипарско потекло Стелиос Хаџи Јоана кој е сопственикот на нискобуџетната авионска компанија Изи Џет, покренува ланец на супермаркети, кој е замислен како конкуренција на дисконтите од типот на Алди и Лидл.
Руската тенисерка Марија Шарапова е најбогата спортистка во светот со годишна заработувачка од 29 милиони долари, пренесува Forbs.
Компанијата Procter&Gamble ја ангажираше популарната колумбијска пејачка Шакира во улогата на глобален амбасадор за производите неменети за нега на забите.
Основачот на Амазон, Џеф Безос го купува американскиот весник Вашингтон Пост за 250 милиони долари.