Македонија се приближува и се усогласува со работното законодавство на Европската унија – ова е заклучокот на денешната тркалезна маса на тема Хармонизација на ЕУ – Директивите со работно законодавство, преку размена на искуствата на земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во ЕУ, во организација на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС).
Државниот завод за статистика излезе со падотоци дека, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во октомври оваа година изнесува 1.136.543 илјади денари, што претставува зголемување за 4,3% во споредба со истиот месец минатата година.
Податоците покажуваат дека 1.180.704 Македонци или 56,7% од вкупната популација во државава користи интернет, додека на социјалната мрежа Фејсбук се приклучени 941.240 граѓани или 45%.
Со една од двете мерки што Владата на Репубилика Македонија ги усвои, предвидено е секој странец што ќе инвестира 400.000 евра во капацитет во државава (освен во угостителство и трговија) и во него ќе вработи најмалку 10 лица веднаш да добие македонско државјанство и пасош.
Според предвидувањата, програмата за откуп на дел од огромниот грчки јавен долг, која беше услов за продолжување на кредитирањето од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд, завршува денес.
Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески, денес ќе присуствува во Анапа, Русија на официјалното започнување на градбата на гасоводот Јужен поток.
Тема на работната средба што за денес е планирана во Стопанската комора на Македонија, е имплементација на ЦЕФТА - патот за во иднина.
Предлог енергетскиот биланс за 2013 година гласи дека догодина Македонија ќе потроши 81.897 тера џули енергија. Потрошувачката ќе порасне кај сите видови енергија и енергенти, а најмногу, во однос на минатата година, ќе порасне кај природниот гас со 27.7%. Потоа ќе следат нафтените деривати со 8.3% и геотермалната енергија со 6.9%.
Од јануари до октомври 2012, стоковната размена со земјите од странство изнесува 8.602.599.000 долари, при што вредноста на увозот е 5.310.721.000 илјади долари, а на извозот изнесува 3.291.878.000 долари.
Со новиот развоен буџет кој треба да го изгласаат советниците од Советот на Општината, Битола ќе добие стопански и економски развој, но и подобри инфраструктурни услови, грижа за социјалата, соодветни услови за образование, како и капитални инвестиции.
Министерството за транспорт и врски соопшти дека македонско-бугарската мешовита комисија за меѓународен патен сообраќај, потпиша протокол со кој е договорено годинава да се размени дополнителен контингент од 50 транспортни дозволи за и од трети земји.
Причината за огромната кршливост на оризовото зрно што годинава ги затече производителите, се уште не е утврдена. Како што се вели, забележано е преполување на приносот и никакви мерки не би ја надоместиле загубата.
Според Државниот завод за статистика цените на мало и трошоците на живот во ноември се на исто ниво како во октомври. Податоците покажуваат дека, сепак кај одредени групи на производи и услуги се забележани одделни движења на цените.
Во последните четири години, по основ на странски инвестиции во Република Македонија се влезени милијарда и 550 милиони евра. Износот е двапати повеќе од вкупниот прилив по тој основ во периодот од 1990 година до 2005 година, не сметајќи ги приватизациите на државните монополи.
Функционирањето и мисијата на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, денес ќе биде промовирано од страна на претседателството на Советот.
Македонија го доби Првиот програмски заем за конкурентни развојни политики во износ од 50 милиони долари од Светска Банка. Овој заем е првиот од двете програмски активности кои ќе ги поддржат реформите за зајакнување на конкуретноста на македонската економија.
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес повика на користење финансиски средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
Општина Крива Паланка доби заем од Министерството за финансии во вредност од 51,6 милиони денари, за изградба и реконструкција на улици во градот, како и за набавка на нова опрема за јавните услуги.
Индустриското производство во периодот јануари - октомври 2012 година, во однос на истиот период лани, бележи пад од 6,7%.
Според податоците со кои излезе Држaвниот завод за статистика индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2012 година во Македонија изнесувала 20.799 денари.
Вкупно девет компании од земјоделскиот сектор искористиле вкупно 2,8 милиони евра од кредитот што го пласира Македонската банка за поддршка на развојот. Во фаза на одобрување се нови четири барања во вкупен износ од 800.000 евра, информираат од банката.
Македонските компании очекуваат поддршка за 43 нови проекти, од кредитната линија од 100 милиони евра на Европската инвестициска банка.
Македонско-руската стопанска комора и Стопанската комора на Македонија организираат Македонско - руски бизнис форум.
Во Франција и Германија економскиот раст во третиот квартал годинава беше 0,2%, соопштија статистичките агенции на двете држави.