Сервисни

Јавна расправа по студијата за оцена на влијанието врз животната средина за проектот Изградба на интерконективен надземен вод 400 КV ТС Битола 2 македонско албанска граница и ТС 400/110 кV Охрид
Целта на корпоративната општествена одговорност е како да им се помогне на компаниите да се вклучат во КОО, фокусот на малите и средни претпијатија и препознавање на општествено одговорни практики.
Украинска инвестиција од 18 милиони долари ќе отвори 150 нови работни места во Македонија. Станува збор за компанијата Енергија Лтд од Киев, која што се занимава со производство на иновативни технологии за прочистување на вода.
На места врнежите ќе бидат пообилни, проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 12 до 21 степен.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Првата индустриска зона Прилеп 1 ќе ги прошири речиси сите дејности во прилепското стопанство. Со денешните две, досега со градба почнаа вкупно пет фирми од графичката, прехранбената и трикотажната индустрија.
Во штипската индустриска зона Запад денеска почна изградба на фабрика за производство на заварени склопни елементи за шасии за автобуси.
Целта на програмата е да овие три централни банки да се подготват за влез во Европскиот систем на централни банки, со што ќе бидат целосно квалификувани за членство во Унијата.
Компанијата вклучува околу 80 вработени и брзо се развива. Обезбедува високо ниво на стручност и трансфер на знаење. Поради тоа, Cosmic development ќе ги вработи најдобрите студенти на кои ќе им се обезбедат атрактивни плати со многу уникатни бенефиции.
Изборна седница на Редовното Годишно собрание на Федерацијата на фармерите на Република Македонија (ФФРМ) ќе се одржи денеска во Скопје.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, и преработките од нафта.
Попладне ќе има услови за врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со појава на град.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, како што се патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Целта на овој Меморандум, како што беше нагласено, е компаниите од агросекторот навреме да добијат информации за сите законските измени, како и консултации поврзани со решенија од европската регулатива.
Тутунската индустрија во Македонија е една од позначајните во државата. Оваа индустрија учествува со 16% до 18% во бруто домашниот производ, а со околу 30% го полни и Буџетот на државата.
Почнувајќи од среда, за следните денови до викендот метеоролозите најавуваат благ пад на температурите и умерено облачно и нестабилно време проследено со врнежи од дожд и грмотевици и ветровито.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација.
Во овој момент се работи на изготвување на основен проект за втората делница од оваа пруга, односно делницата од Бељаковце до Крива Паланка, а во март оваа година започнаа градежните работи на првата делница од Куманово до Бељаковце.
Секој вработен го чини својот работодавец, во просек, по 33.107 денари месечно, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за 2012-та година.
Дваесет вработени во компании од групацијата од Македонија, Црна Гора и Унгарија ќе трчаат со голема мотивација да ја завршат трката, зашто за секој истрчан километар на маратонците компанијата ќе донира по 1.500 денари за дневниот центар за лица со интелектуална попреченост.
Откопот на руда, техничко-технолошкиот процес во флотацијата и производството на оловно-цинкови концентарти во Саса се одвива континуирано во текот на целото деноноќие, поради што е обезбедено и 24 - часовно присуство на лекар и друг медицински персонал.
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег, но со послаб интензитет.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива по влажни коловози. На повисоките делови во западниот дел од Македонија има мали остатоци од кашест снег на коловозите.
За преземените 25 милиони килограми грозје од бербата во 2013-та година, како што соопштуваат од компанијата, на лозарите им се исплатени 360 милиони денари.