Сервисни

Речиси 950 невработени лица кои активно бараат работа годинава ќе бидат обучени за отворање на сопствен бизнис во рамките на Програмата Самовработување 2014 година. Секој од нив ќе добие и грант од околу 3.000 евра за отворање бизнис
Македонија по трет пат ги претставува своите туристички потенцијали на водечката саемска туристичка манифестација во Скандинавија - ТУР 2014 во Гетеборг, која беше отворена вчера и ќе трае до 23 март.
Имплементацијата на Проектот за Дримскиот басен се очекува да придонесе за поголема контрола на состојбите на еко-системот на Охридското Езеро, особено на нивото на водата во Eзерото чиј водостој последните години бележи значителни осцилации
Министерството за локална самоуправа на Република Македонија и Министерството за администрација на локалните управи на Република Косово го почнаа процесот на подготовка на програмски документ за прекугранична соработка за периодот 2014 – 2020.
Со грант од 400.000 евра од германската и швајцарската влада, 8-те плански региони во Македонија ќе ги подобруваат способностите за подготовка на техничка документација за конкурирање за претпристапните фондови од Европската Унија.
Ќе дува слаб, претежно јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 13 до 23 степени.
На патниот правец А-1 Гевгелија- Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица „Отовица“ се изведуваат работи на мостовите за што е поставена соодветна вертикална сообраќајна и светлосна сигнализација, а сообраќајот се одвива по една сообраќајна лента само по мостовите.
До јули годинава Прилеп ќе добие аква парк, за што се во тек градежни активности. Лоциран е во хотелскиот комплекс Салида на излезот од градот до патот Прилеп - Битола.
Македонија ќе ја добие четвртата транша од кредитот од Европската инвестициска банка (ЕИБ) веднаш по целосното искористување на третата транша, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
ФЗОМ ги повикува невработените лица носители на здравствено осигурување да се пререгистрираат во подрачните служби на Фондот. Тоа треба да го направат согласно одредбите на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
Околу 17% помалку ќе тежи годинашната реколта тутун, но сите производители кои лани склучија договори за откуп, тоа ќе може да го сторат и во 2014 година.
Германски и американски компании чии седишта се во Германија, во наредниот месец ќе ја посетат Македонија со цел да ги финализираат нивните потенцијални проекти од аспект на соодветна локација, работна сила и други детали поврзани со инвестициите.
Американската стопанска комора во Македонија со поддршка на КПМГ Македонија ги публикува во електронска форма ОЕЦД Насоките за трансферни цени за мултинационални претпријатија и даночните администрации, во обид да се поттикне нивната примена во Македонија.
Планската документација за изградба на ТИРЗ Делчево е изработена и усвоена од надлежните органи. Започнатите геомеханички и хидролошки истражни работи продолжуваат според утврдената динамика и се очекува да завршат до крајот на април годинава.
ГИЗ Програмата за регионален економски развој во Македонија (ГИЗ РЕД) денеска ќе ги презентира регионалните проекти што се подготвуваат во рамки на грантовата шема условена со перформанси во износ од 400.000 евра.
Бизнис конфедерацијата на Македонија (БКМ) организираат еднодневна национална работилница на тема Национален и европски социјален дијалог во текстилниот и кожарскиот сектор во компаниите во Македонија.
Првиот пролетен ден ќе биде сончев, со температура до 22 степени.
AМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците.
За просечен стан од 80 метри квадратни, приклучокот кон оваа мрежа ќе чини околу 100 евра, а над оваа квадратура ќе се доплаќа по 1,25 евра за метар квадратен. Приклучокот за комерцијалните објекти ќе биде по 1,25 евра по метар квадратен.
Изградбата на пречистителната станица крај реката Вардар ќе чини 9,6 милиони евра што ги обезбедуваат владите на Швајцарија, Македонија и Грција.
Западна Македонија е регион што е своевидна локомотива за развој на стопанството во Македонија е главниот заклучок на тркалезната маса посветена на изработка на стратегија за економски развој на Западна Македонија
Kон крајот на денот ќе има спуштање на малку постуден воздух од север проследен со умерен до засилен северен ветер и зголемување на облачноста.
Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по суви коловози.
За само четири дена, 68 компании поднеле барање за искористување на владината мерка за вработување на млади лица до 29 години со која фирмите се ослободени од плаќање социјални придонеси и персонален данок за работникот.