Здружението на транспортери Макамтранс итно да ја деблокира македонско-косовската граница, бараат бизнисмените од Стопанската комора на северозападна Македонија.
Во рамки на посетата на полскиот претседател Бронислав Коморовски на Македонија, вчера во Скопје се одржа Македонско – полски бизнис форум, што претставува значителен чекор кон продлабочување на односите помеѓу двете држави.
Во Македонски Железници Транспорт АД – Скопје вчера беше одржано отворање на понуди за набавка на 150 товарни вагони. Поднесените понуди беа од осум понудувачи од компании од Чешка, Романија, Хрватска, Кина, Словачка, Србија и Индија, од кои седум комплетни и една некомплетна.
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне во западните и северните делови ќе има повремен дожд и услови за ретки грмежи.
Од 11.09.2013 година започнуваат градежни работи на пат, планински превој Плетвар, патен правец Градско-Прилеп од 41 до 43 км. Работите ќе се изведуваат во временски период од 07.00 до 17.00 часот и се очекува да завршат до средина на следната недела.
Во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес беа потпишани договорите за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година.
Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2013, во однос на јули 2013, изнесува 100.3, а во однос на август 2012 изнесува 102.8, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2013 година изнесува 998.346 илјади денари што претставува намалување за 13,2% во споредба со јули 2012 година.
Од ноќеска на полноќ малопродажните цени на бензините ќе се зголемат за 1,50 денари по литар, дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за три денари.
Според денешната презентираната нацрт стратегија за ЈИЕ 2020, се предвидуваат милион нови работни места до 2020 година во регионот на Jугоисточна Европа, зголемување на директните странски инвестиции за 240%, на обемот на трговија за 140%, на вработеноста за 5% и на високообразовната работна сила за 300.000 лица.
Комитетот за инвестиции за Југоисточна Европа, во рамки на Советот за регионална соработка, денес ќе одржи консултативна работилница за нацрт Стратегијата за ЈИЕ 2020: Работни места и просперитет во европска перспектива.
На старата локација на скопското Кале од утре па се до 15 септември, по шести пат во Скопје, ќе се одржи манифестацијата Гурмански викенд со пиво Пиволенд 2013.
Во Скопје ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Поради блокада на граничните премини Блаце и Јажинце од страна на македонските превозници, сообраќајот за сите видови возила е во прекин во двата правци.
Косово ја засилува блокадата на македонските производи. Од полноќ започна целосната забрана за увоз на сите стоки од Македонија на Косово.
Попладне ќе има зголемување на облачноста и во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Агенцијата за катастар на недвижности денес го промовираше новиот Правилник за премер на инфраструктурните објекти, односно подземниот катастар.
Владата на Република Македонија распиша јавен повик за пројавување интерес на лица кои сакаат и имаат желба да бидат ангажирани во управни и надзорни одбори чија ингеренција за именување спаѓа во директна или индиректна надлежност на Владата.
Претставници од петнаесетина компании од Јордан, членови на тамошната Стопанската комора, како и на Јорданско-Европската бизнис асоцијација, на 12 септември годинава ќе ја посетат Република Македонија.
Отсега мелено ќе може да се купи во месарница само ако истото се одбере од страна на потрошувачот и се сомеле пред него, или ако тоа е подготвено во оригинално пакување, во специјализирани објекти кои се одобрени и регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а во котлините во Малешевијата ќе се спушти и до три степени. Максималната дневна температура ќе се движи од 24 до 32 степени.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, пo суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Првите аукции преку новиот систем за продажба и давање под закуп на деловен простор по електронски пат, односно преку интернет се одржаа вчера, соопштуваат од министерството за транспорт и врски.