Литар Кристал наместо 78 денари, сега ќе чини 68, откако цената на зејтинот поевтини за 13% како резултат на падот на маслата за јадење на светските берзи.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд,особено попладне.
Од вчера, 01.09.2013, веќе не важи времената измена на режимот на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, со која се забрануваше сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.
Бројката на регистрирани Фејсбук профили на македонски граѓани изнесува 963.000, а само во последната година таа е зголемена за 90.000, покажуваат податоците на Интернет Ворлдстат.
Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 0,7% во споредба со истиот период минатата година, објави денес Државниот завод за статистика.
Почнувајќи од денеска, НБРМ во рамки на монетарната статистика ќе започне со редовно објавување на податоците за останатите финансиски институции (осигурителните друштва, пензиските и инвестициските фондови, друштвата за управување со пензиските фондови и друштвата за управување со инвестициските фондови).
Јавниот долг заклучно со 31 јули годинава бележи намалување и според објавените податоци на Министерството за финансии изнесува 33,6% БДП.
Одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна, беше топло поздравена од српската Влада.
Приближно два милиона килограми десертно и четири милиони килограми винско грозје засега се извезени преку царинската испостава во Кавадарци, соопшти претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија Љупчо Аризанов.
Во Скопје ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура е од 16, а максималната дневна температура ќе достигне до 30 степени.
На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Проектот Форум со работодавачите започна со реализација во општина Илинден, која е воедно и прва општина во државава каде се реализаира овој проект.
ЕВН Македонија откри уште 10 нови случаи на неовластено користење електрична енергија. Новооткриените корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење на струја откако беа комплетирани нивните досиеја.
Заедничките проекти на Министерството за информатичко општество и администрација и на Македонската академска мрежа МАРнет планирано е да овозможат демонополизација на македонскиот пазар на домени, нивно побрзо издавање со одвивање на сите процедури по електронски пат, како и пад на цените на интернетот.
Тема на работилницата што денес ќе се одржи во Скопје, во организација на Аналитика и АКСЕР ќе биде Миграции и дознаки од странство во Западен Балкан.
Премиерот Никола Груевски при посетата на Прилеп изјави дека Владата бара стратешки партнер за решавање на проблемот и со Еурокомпозит.
Во Скопје ќе биде претежно сончево, ветровито и топло. Ќе дува умерен северозападен ветер.
На сила е забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.
Според најновите податоци на Народната Банка на Република Македонија, во јули годинава преку платежните картички бил направен обрт од 188 милиони евра
Оние граѓаните кои имаат нелегализирано земјиште под нивните легализирани куќи да можат да го откупат по едно евро за метар квадратен без притоа да е донесен ДУП-от за местото во кое живеат.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека рокот за поднесување барања за субвенции што требаше да заврши на 30-ти овој месец, се пролонгира до 31 октомври.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува и засилен ветер. Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 36 степени.
На граничните премини нема поголеми задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Македонската железница по цели 35 години ќе добие четири нови патнички гарнитури со дизел погон и две нови гарнитури со електричен погон.