Прометот во трговијата на мало за 2017 година номинално бележи пораст, особено во групите/класите: Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива, Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и Трговија на мало, освен горива , додека реално прометот во трговијата на мало бележи опаѓање во групата/класа Трговија на мало со моторни горива
Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 14,2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 22,1%.
Од банката информираат дека корисниците ќе бидат дополнително известени кога функционалностите ќе бидат повторно овозможени.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, бележи пораст од 0,2%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6,8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,9%.
Претпријатијата од секторот Трговија на големо и на мало и секторот Преработувачка индустрија учествуваат со повеќе од две третини во вкупниот промет (69,1%), а по нив следат секторите Градежништво со 8,2%, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Транспорт и складирање со 5,9%.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 132 (69,8 %) се наменети за објекти од високоградба, 20 (10,6%) за објекти од нискоградба и 37 (19,6 %) за објекти за реконструкција.
Учество земаа повеќе од 3.000 компании и беа одржани повеќе од 1.500 директни состаноци, а конференцијата беше покриена од повеќе од 2.000 новинари ширум светот.
Мандатот на Андонов официјално започна на 4 март, а на управителската позиција на АМЕРИТ тој го наследи Емил Милев, кој беше на чело на оваа транспортна асоцијација од 2014 година.
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.
Во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15,6%.
Во рамките на оваа акција, која се одржа под мотото Садиме љубов, жени од сите работни позиции во Пивара Скопје, се дружеа со децата од СОС Детско Село и заедно засадија цвеќе и други декоративни растенија со што придонесоа за разубавување на амбиентот и околината на комплексот.
Индексот на трошоците на животот во февруари 2018 година, во споредба со февруари 2017 година, забележа пораст од 1,9%, а индексот на цените на мало забележа пораст за 3,5%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил.
На Денот на поезијата, 21-ви март, секој ќе може да се напие кафе или чај кој ќе инспирира да се напише стих и поема за да се Плати со поезија.
Посветеноста на Царинската управа кон квалитетот, корисниците и клиентите низ годините доведе до усовршување на процесите и постапките што резултираше со добивање на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.
Седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 02.04.2018 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Македонија.
Поради технички интервенции на ден 06.03.2018 (вторник) по 15.00 часот системот ќе биде краткотрајно недостапен.
Во јануари 2018 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Бугарија и Србија.
Банките со својата висока капитализираност и ликвидност се стабилни и отпорни на шокови.
Индексот на цените на угостителските услуги во февруари 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 1,2%.
Мапирањето на државните електронски комуникациски мрежи и мапирањето на постојни и идни комерцијални електронски комуникациски мрежи е од суштинско значење, а особено за точното определување на “белите“ зони, односно зони каде нема и не се планира NGA мрежи, во коишто во иднина ќе треба да се вложат јавни средства за нивно покривање.
Во рамки на кампањата, физичките лица може да поднесат барање за потрошувачки кредит, станбен кредит, автомобилски кредит, хипотекарен и кредит обезбеден со 100% депозит.
Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,61%.
Во патниот патнички превоз бројот на превезените патници е зголемен за 3,3%, во градско-приградскиот превоз е намален за 6,7%, во железничкиот превоз за 12,3%, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 16,4%.