Со годишните извештаи во 2017 година се опфатени 99 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 3.1% повеќе во однос на 2016 година.
Се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.
Како и секогаш, поради отворањето на новата локација ќе биде обезбеден специјален попуст на целиот асортиман кој ќе трае од од 01.03.2018 до 03.03.2018 година.
Ова назначување има за цел да обезбеди континуиран дијалог и проток на информации помеѓу Фондот и властите во Скопје, а ќе ја олесни и интензивната техничка помош и набљудувачките активности на ММФ во Македонија.
Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 590, што претставува намалување од 9,8% во споредба со истиот период од 2016 година.
Платформата SYNC AppLink на Ford им овозможува на возачите да ги користат поврзаните апликации од нивниот паметен телефон на интегрираниот екран во автомобилот преку напредни контроли управувани со гласот или со пак воланот.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 75,2% во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 97,4% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.
Дежурните тимови ќе ги згрижат и сместат бездомниците во пунктот во Момин поток - Скопје или во некој од регионалните пунктови за сместување на бездомни лица, кои што минатата есен беа отворени во Струга, Битола и Струмица.
За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари.
Заедничко за овие далекуводи коишто ќе се заменуваат со нови е тоа што се постари од 50 години и се поставени на бетонско-армирани столбови.
Каматната стапка на депозитите на седум дена изнесува 0,50%.
Проверката ќе се врши автоматски при поднесување на пресметките за плата на јавниот сектор, и во случај кога податоците не се усогласени, системот за плата на УЈП ќе генерира грешка и работоавачот од јавниот сектор ќе треба да изврши ажурирање на податоците во регистарот.
Од 26.02.2018 (понеделник) почнувајќи од 10:00 часот, услугите на експозитурата на Шпаркасе Банка Македонија во Тетово ќе можат да се користат на новата локација на ул. Илинденска бр.1/1, Тетово.
Ова е првата од мерките предвидени во Програмата за промоција на обновливи извори на енергија и поттикнување на енергетска ефикасност во домаќинствата за 2018 година, со вкупен буџет од 50 милиони денари, за која беа издвоени 14 милиони денари.
Тоа ќе овозможи подобрување на економската состојба и стандардот на самите фармери.
Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 8,8%, во приградскиот превоз за 3,1%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 2,6%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето бележи 9,5%.
Зависно од квалитетот на пристигнатите пријави, планирано е да се доделат награди во шест категории, и тоа: нов бизнис/компанија на годината, бизнис/компанија на годината, претприемач на годината, компанија-вработувач на млади на годината, награда за општествено влијание и иновација на годината.
Нивниот повик и заложба е пример кој може да го следат не само учениците и децата туку и секое семејство, бидејќи процесот на изработка е едноставен, а ќе ви овозможи да поминете квалитетно и забавно попладне со вашите деца при тоа учејќи ги за важноста за рециклирање и колку многу корисни работи може да се направат од амбалажниот отпад.
За субјектите со вид на големина (микро и мали) коишто нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2018 година.
Eventbaxx се користи од страна на водечките маратони во светот, а еден од нив е и Берлинскиот маратон којшто минатата година ја воведе оваа услуга.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2018, во однос на декември 2017 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец.
Инфо центарот претставува изложбен простор што овозможува и презентација на мултимедијални содржини од особено значење за корисниците, како совети за рационално користење на електричната енергија, велат од компанијата.
Во јануари 2018 година, во споредба со јануари 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 101.2, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.7.
Акцијата на кастрење гранќи ќе ја спроведат екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Градски паркинг утре (16.02.2018 година, петок).