На повидок најголемата ИПО во индустријата за чипови

79

Британскиот производител на чипови ARM, со поддршка на банкарската групација SoftBank, е во преговори со потенцијални стратешки инвеститори, меѓу кои и американскиот гигант Intel, за подготовка на една од најголемите иницијални јавни понуди (IPO) годинава.

ARM разговарал и со други компании за учество во ИПО, изјавија за „Блумберг“ неименувани извори. Преговорите се уште се во рана фаза и не е јасно колку ќе се инвестира во ARM или каква би била инвестициската структура. ARM сака да собере 10 милијарди долари на котација на берзата во Њујорк подоцна оваа година.

Донесувањето голем инвеститор за ИПО може да помогне да се зголеми интересот на другите инвеститори. Ако преговорите успеат, Intel на крајот ќе биде наведен во проспектот за ИПО на ARM пред котација.

Таканаречените мастер инвеститори, кои купуваат удели во вредност од 100 до 200 милиони долари, беа популарни во јавните огласи на компаниите со чипови во претходните години.

Напорот на извршниот директор на Intel, Пат Гелсинџер, да ја врати компанијата во нејзината поранешна слава вклучува план да ги „отвори“ своите фабрики за други фирми, дури и за ривалските фирми. Со други зборови, ако сака да биде успешна во конкуренција со Taiwan Semiconductor Manufacturing Co. (TSMC) во глобалното производство, Intel ќе мора да произведува чипови кои ја вклучуваат широко користената технологија на ARM.

Овие две компании веќе најавија техничко спојување.

Преземајќи позиција во ARM, чија технологија овозможи директно да се натпреварува со процесорите на Intel, Гелсинџер можеби ќе сака да ја покаже својата посветеност на ARM и да ја прифати таа отвореност. Во текот на својата повеќе од 50-годишна историја, фабриките на Intel работеа речиси исклучиво на сопствени производи.

Основачот на јапонската банка SoftBank, Масајоши Сон, изјави за Блумберг дека се надева дека ИПО на ARM би можел да биде најголемиот досега во индустријата за чипови. Официјалната проценка за пазарната капитализација сè уште не е објавена, но аналитичарите засега споменуваат премногу широк опсег помеѓу 30 и дури 70 милијарди американски долари.