Што е синдициран заем?

750

Синдициран заем претставува финансиски кредит одобрен од група доверители, администриран од една или повеќе банки (агенти).

Овој вид на кредитирање е различен по тоа што должникот не ѝ должи на една, туку на неколку банкарски институции. Банките формираат конзорциум за да создадат таканаречен cash pooling за да се одобри поголем износ на кредит.

Важна карактеристика на овој заем е тоа што се дава во исклучителни ситуации и во поголеми размери. Поради висината што се одобрува, синдицираниот заем може да добие само компанија, но не и физичко лице. Корисници може да бидат големи корпорации или институции.

Банките го создаваат овој конзорциум бидејќи поради висината на кредитот само една банка не може да го одобри поради ограничениот износ на сопствени средства и лимити што се законски пропишани.

Правното лице што се јавува во улога на должник, ја одбира банката којашто ќе биде лидер, а којашто потоа избира со кои банки ќе формира база за синдициран заем.

Фото: Freepik