УНИ Банка за шест месеци оствари добивка од 131,7 милиони денари

155

УНИ Банка, во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година, прикажаа добивка од 131.772.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, добивката на банката беше 102.324.000 денари.

“Во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 73,2% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2019 година се зголемени за 9,6%, како резултат на порастот на кредитното портфолио кое во однос на 31.12.2019 се зголеми за 2,2% и достигна ниво од 16,7 милијарди денари“, стои во Образложението за финансиските резултати.

Фото: Facebook