Македонија минатата година реализирала извоз на мобилни телефони во вредност од 1,2 милиони долари.
Просечната цена на флаширана вода во Македонија е 0,39 евра.
55% од најпрофитабилните компании се од Скопје, а 52% од компаниите коишто во 2018 година имаат највисок профит се компнии кои имаат и највисоки вкупни приходи.
Њујорк ја зголеми својата предност над Лондон за 17 поени, додека силните перформанси на другите градови, особено Париз, ја загрозија позицијата на Лондон во рамки на овој индекс.  
Гледано наназад, односно од 2014 година па навака, побарувачката за свежо пилешко месо е зголемена за 15,1% додека побарувачката за замрзнато месо e намалена за 12,5%.
Македонија е 122-ра во светски рамки со извоз на уметнички слики од 43.000 долари.
Ниту една компанија од Македонија не се најде на листата на Coface 500 CEE.
Индија, САД и Хонг Конг се трите најголеми извозници на дијаманти во светот.
Според извозот на хартија, земјава е на 89 место со остварен приход лани од 20.334 долари.
Земји во кои еден пар патики во просек се продаваат над 100 евра се: Исланд (130,56 евра), Египет (113,52 евра), Израел (108,54 евра) и Швајцарија (101,66 евра).
Во светот најголем производител на ванила е Мадагаскар, со годишно производство од околу 3.000 тони.
Со завршен факултет во земјава без работа се 9.567 лица, а податоците покажуваат дека во потрага по работа се и 719 магистри на науки и 21 доктор на науки.
Во светски рамки, цените во Дубаи годинава покажаа најголем пад во споредба со лани, додека оние во Франкфурт, Токио и Цирих забележаа најголемо поскапување.
Во Европската Унија еден од тројца менаџери е жена.
Швајцарија, Канада и САД имаат најголема економска отпорност, додека отпорноста на евро зоната најмногу се намали во однос на 2007 година.
Извозот на електрични возила во текот на минатата година достигна вредност од 11,5 милијарди долари.
Просечната месечна исплатена нето плата во земјава е 334 евра, додека под нас е само Албанија со 305 евра.
Нашата земја во однос на извозот на чоколада е на 65 место во светот со остварени приходи од 12.992 долари, минатата година.
Во Македонија околу 92% од лицата меѓу 15 и 24 години, користеле мобилен телефон, а лани се најде на третото место, по Турција и Бугарија по остварен мобилен сообраќај со 316 минути месечно во просек.
Од први јануари до 30-ти јуни, седум банки евидентираа вкупна добивка од над три милијарди денари, додека само една заврши во минус од 12,9 милиони денари.
Според Ipsos, само 6% би купиле целосно автономно возило, додека 57% би се одлучиле на ваков чекор ако автономните алатки доаѓаат само како опција.
Италија минатата година од извоз на очила за сонце оствари приходи во висина од 2,8 милијарди, што е скоро 40% од извозот во светски рамки.
На пазарите и во маркетите во Бахреин една марула се продава по просечна цена од 2,18 евра.
Некои земји го преферираат овој начин многу повеќе од останатите, а Шведска е лидер кога станува збор за користење на кредитни картички.