Анализи

Раст на приходите од продажбата е забележан со сите стратегиски сегменти на деловно работење. Притоа најголем раст од 8,9% има сегментот на кафиња, производите за нега и здравје имаат раст од 7,8%, додека деликатесните намази 7,6%.
Добивката на Триглав Група пред оданочувањето во 2012 година, според прелиминарните проценки изнесува 89,7 милиони евра, а чистата добивка 73,2 милиони евра.
Планот е да се основа нова компанија Adria Retail, во која ќе бидат преместени сите трговски бизниси на Агрокор.Компанијата по три до пет години ќе се листа и на берзата, со што ќе се долее нов капитал, но и ќе се дисперзира сопственоста.
Туристичките работници од југот на Хрватска предвидуваат дека поради воведувањето на визи можат да изгубат од 5% до 20% посетители од Турција и Русија, кои се познати како добри потрошувачи.
Работникот во Босна и Херцеговина мора да потроши преку 80% од парите што ги заработува за храна, додека во Европската унија е доволно 15% од платата за да се купи храна за цел месец.
На вчерашната трибина во општина Гази Баба, дел од проектот Подобрување на јавната свест за безбедноста на храната, беше изјавено дека процентот на небезбедна храна во Македонија е преполовен, од 5,3% во 2008 година на 2,4% во 2011.
Според резултатите на новата студија на Brand Finance, изненадувачки, пред Coca Cola и Google, најмоќниот бренд во светот е Ferrari.
Невработеноста во Словенија во декември пораснала на 13% од 12,2% во ноември, покажуваат податоците што ги објави националната канцеларија за статистика.
Мали плати, лошо сместување – такви се условите за работа на сезонските работници кои во Германија работат за големата трговска компанија Амазон, пишува Дојче Веле.
Турција минатата година заработила 306 милиони долари од продажба на “непопуларни” производи кои не се консумираат на широко во земјата, според податоците на Министерството за шумарство и водостопанство.
Хрватска на 1 јули ќе влезе во ЕУ како четврта најсиромашна земја во Унијата. Посиромашни од Хрватска се само Бугарија, Романија и Латвија.
Турција мора да го прифати еврото како своја национална валута ако се приклучи на Европската унија и ги исполни потребните услови, изјави еврокомесарот Штефан Филе.
Стапката на невработеност во Босна и Херцеговина достигна рекордно ниво и според последните достапни статистички показатели изнесува дури 44,4%, објави Агенцијата за труд и вработување на БиХ.
Се очекува 2013 година, со 11,6 милиони продадени автомобили да биде најлоша година за продажба во Западна Европа по 1993 година.
Банка на Словенија се уште официјално не ги објавила податоците, но судејќи според декемвриските отписи, минатогодишната загуба на словенечкиот банкарски сектор досегна рекордни 600 до 650 милиони евра, пишува словенечки Финанце.
Проблемот со имиџот ги тера германските туристи да бараат алтернативни туристички дестинации, како што се Турција, Италија или Шпанија.
Њујорк Тајмс минатата година за прв пат остварил поголеми приходи од своите читатели, односно од продажба на печатените и онлајн изданијата, отколку од маркетингот.
Еден просечен Данец за еден час работење може да заработи до 25 евра, додека за истото време Македонецот заработува само 2,5 евра, што во споредба е за 10 пати помалку.
Кроација ерлајнс до крајот на годината мора да вложи 52,7 милиони евра во програмата за реструктуирање на компанијата или ќе се соочи со банкрот, изјави хрватскиот министер за сообраќај Синиша Хајдаш Дончиќ.
На листата 50 најиновативни земји во светот, објавена од агенцијата Блумберг, Македонија е поместена на 48-то, а Хрватска на 34-то место.
Продажбата на нови автомобили во Србија никогаш не била толку слаба како сега. Салоните стојат празни, а некои и се затвораат. Во јануари се продадени само 800 нови возила, за разлика од минатата година, кога во првиот месец се продадени 1.573 автомобили.
Во анализата на агенцијата, која опфатила пакети што се наоѓаат во понудите на црногорските оператори, заклучено е дека во повеќето случаи, операторите во Црна Гора имаат најниски цени за СМС пораки.
Во текот на минатата година руската енергетска компанија Газпром својот природен гас најскапо го продавала во Македонија, Полска, Босна и Херцеговина, Чешка и Бугарија, пишува московскиот весник Известија.
Србија во надворешно-трговската размена на земјоделско-прехранбени производи во 2012 година забележала суфицит од 1,24 милијарди долари, што е 3,5% помалку од претходната година, објави Стопанската комора на Србија (ПКС).