Акциите издадени од ЕМО Охрид ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на берзата, почнувајќи од 29.12.2016 година.
Ова е уште еден нов мандат за Иван Штериев од четири години, кој функцијата главен извршен директор на Македонска берза ја извршува од 2005-та година до денес.
“Загубата од работењето во 2015 одина ќе се покрива од работењето на ФЗЦ 11 Октомври Куманово во наредниот период“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.
Продолжен е мандатот за период од шест години на постојните членови на Управниот одбор на Банката - Хари Костов, Претседател на Управниот одбор и Д-р Маја Стевкова Штериева, член на Управниот одбор.
Технометал Вардар за следната 2017 година проектира добивка од 46.000 евра, покажува финансискиот план за работа и делување, објавен на Македонска берза.
“Се одобрува склучување на зделка што претставува купување на удел што претставуваат 49% од основната главнина на Друштвото за производство Млекара Здравје Радово увоз – извоз ДОО с. Радово Босилово, за вкупна цена од 6.000.000 евра во денарска противвредност“, стои во одлуката.
Датум на имплементација на извршената ревизија, односно датумот од којшто ќе отпочне да се пресметуваат индексите по новиот состав е 03.01.2017 година.
Шпедитерската куќа Макошпед за следната 2017 година планира да оствари 6.637.110 денари добивка пред оданочување, покажува Деловниот план за 2017 година, објавен на Македонска берза.
Вкупно 83 од 108 компании коишто котираат на Македонска берза, заклучно третиот квартал од оваа година, евидентираа добивка во висина од 9.451.848.736 денари, покажува Прегледот на финансиски резултати на котираните друштва.
Љубљанската берза, од осми овој месец, стана активен член на платформата SEE Link, откако аплицираше на почетокот на оваа година.
Стопанска банка Битола информира дека јавната понуда на обврзници не е реализирана, бидејќи не се продадени понудените 5.000.000 долгорочни должнички хартии од вредност.
Акциите на Комерцијална банка, Стопанска банка и на НЛБ Банка се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во ноември, покажува Месечниот статистички билтен.
Белградската берза е прва што активно се приклучува кон SEE Link, по трите берзи основачи на платформата.
Новиот Одбор на директори на Берзата го сочинуваат: Коста Костовски, Тони Стојановски, Петар Трпески, Михајло Брова Зиков, Иван Штериев, Кирил Јовановски и независните членови: Горан Анастасовски и Иван Мишев.
Неметали Огражден, од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со загуба од 745.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Земјоделскиот комбинат Пелагонија од Битола прокнижи вкупна сеопфатна добивка во вредност од 315.669.000 денари, покажува деветмесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Цементарница Усје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 960.004.000 денари.
Неработниот и нетрговскиот ден е поради спроведување на акцијата Ден на дрвото – Засади ја својата иднина.
Компанијата Макпетрол, од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа 269.317.000 денари вкупна сеопфатна добивка, покажува консолидираниот биланс на успех.
Сигурносно стакло од Прилеп во текот на деветте месеци од оваа година работеше со загуба од 1.334.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата ГД Тиквеш од почетокот на годината до крајот на септември прикажа вкупна сеопфатна добивка од 4.961.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата Адинг прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 26.435.000 денари, покажува деветмесечниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Компанијата Ветекс од Велес, од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 7.081.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Собранието на акционери на Агромеханика донесе предлог одлука за продажба на сопствени обични акции по пат на јавна понуда.