Флексибилноста не се стекнува преку ноќ. Ако премногу се форсирате тоа може да има обратен ефект и да ве врати назад. Наместо да брзате, за почеток во вашето слободно време обидете се да правите нешто ново и поразлично.
Во случај на ликвидација или стечај на компанијата, сопствениците на обврзници имаат предност во однос на акционерите во наплата на своите побарувања од ликвидационата, односно стечајната маса.
Ако не можете да се сетите кога последен пат сте се сретнале со семејството или пријателите, гледале некој филм или сте прошетале, тоа е клучен показател дека сте преокупирани од работата и време е да се посветите на личниот живот.
Можете да бидете просечни целиот живот, а можете и да преземете ризици и постигнете голем успех. Мора да знаете дека и неуспехот е дел од искуството кое ќе ве насочи кон успехот и ќе ви покаже нови патишта, можности, опции...
Бидете внимателни како ќе дадете отказ. Ако сте внимателни, можете да ја напуштите вашата стара работа и да се движите напред без оттуѓување од вашите менаџери и колеги.
Маркетингот не е само продажба, туку неговата филозофија ќе ви помогне да привлечете купувачи, потенцијални домашни и странски партнери, потрошувачи кои ќе се навикнат на вашиот производ или услуга, градење долгорочни релации засновани на доверба.
Во coworking просторот честопати се одржуваат настани и менторски сесии, коишто може да бидат одлична можност за да научите, да добиете идеја, запознаете инвеститори...
Посетете го coworking просторот и дознајте каква атмосфера владее. Доколку има голема бучава, побарајте посебен дел во просторот каде ќе бидете изолирани.
Не ја потценувајте вредноста на тишината, бидејќи совршено темпирана пауза може да ѝ овозможи на вашата публика да размислува за она што им го говорите.
Не барајте само пофалби, туку согледајте ги сите придобивки што критиката ги носи. Може да загубите многу ако ја игнорирате, негирате или борите против неа.
Откажувањето е избор, а не неуспех. Тешко е да се каже кога е вистинско време за откажување, но кога во нешто ќе вложите напор и време, а не постои напредок, време е да размислите за своите опции.
Истражувањата покажуваат дека читањето од задоволство, исто така, може позитивно да влијае врз вашата кариера. Има многу животни лекции кои може да се научат од биографиите.
Луѓето почесто ги напуштаат менаџерите и супервизорите отколку компаниите или работата.
Не сакам да ја слушам фразата 'Имам проблем', кога не е понудено решение. Сакам членови на тимот и лидери кои нудат решение за настанатиот проблем.
Најдобрите претприемачи знаат дека решавањето на проблемите е секојдневие во бизнисот и никогаш не завршуваат.
Направете распоред во којшто ќе го организирате денот и ќе знаете што треба да правите секој час.
Не ги прифаќајте работните навики на вашиот мрзлив колега. Не заборавајте дека оваа личност ја следи лоша репутација.
Потребно е да ја завршите “домашната задача“ за да можете да одговорите на сите прашања што ќе ви бидат поставени од инвеститорите (деловни партнери, банки, потенцијални клиенти...) кога ќе ја претставувате вашата бизнис идеја.
Кога ќе се најдете во ситуација повеќе да не можете да се справите со предизвиците, потешкотиите, стресот, колегите... време е за отказ.
Кога го пишувате мејлот секогаш бидете сигурни дека личноста ќе го отвори, прочита, разбере и одговори.
Претприемништвото е учење и процес. Никогаш не можете да бидете целосно подготвени и кога и да започнете ќе се соочувате со бројни препреки и доживување на нови искуства.
Секој продавач треба добро да ги знае производот и услугата на компанијата, да биде трпелив, упорен, позитивен и секогаш да демонстрира различност во однос на конкурентите.
Ако сте во друштво на здодевни, незадоволни или сериозни луѓе, постои голема веројатност и вие да бидете како нив. Истото важи и кога имате друштво на интересни луѓе.
Успешните личности знаат колку е важно да се преживее и да се бори уште еден ден, особено кога вашиот непријател е токсичен.











