понеделник, 16 септември, 2024
Германските власти го казнија Google со 145.000 евра поради неовластено собирање на големи количини лични податоци на корисниците со помош на своите street view возила.
Француската компанија Рено до 2020 година планира да инвестира околу 500 милиони евра во веќе постоечкото производство во Москва. Средствата ќе бидат употребени за автоматизација и роботизација на производниот процес, што со време ќе придонесе за зголемување на производството.
Најчесто се работи за “функционална” грешка на некој производ, односно произведувачите прават различни апарати и уреди, како бела техника, на начин на кој доколку се расипе еден дел, престанува да работи целиот апарат.
Германската авиокомпанија Луфтханза откажа 1.700 летови предвидени за денес поради штрај на вработените кои бараат повисоки плати. Летовите се главно на германски и европски дестинации.
Швајцарската народна партија собра доволен број на потписи за распишување на референдум на кој би се барало забрана за продажба на златните резерви од страна на централната банка.
Германскиот произведувач на спортска опрема Пума го именува Бјорн Гулден за нов извршен директор. Четириесет и седум годишниот Гулден, на 1 јули ќе го замени Франц Кох, кој ја напушти компанијата во март.
Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Русија врати 18 тони јагоди произведени во Турција, откако инспекцијата откри ситни инсекти на овошјето.
Најголемата турска телеком компанија, Турк Телеком, даде понуди за купување на бугарските Космо мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија.
Турскиот национален авиопревозник Туркиш ерлајнс потпиша договор за купување 117 авиони од европскиот произведувач Ербас, кои ќе бидат испорачани до 2020 година.
Продажбата е една од обврските на Романија кон Меѓународниот монетарен фонд и Европската унија во рамките на условите за кредити во вкупен износ од 25 милијарди евра.
Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) денес соопшти дека побарувачката за нови автомобили во Европа падна во март, што е 18-ти месец по ред, притисната со уривањето на побарувачката во Германија, која ја загуби позицијата најголем европски пазар.
Германскиот произведувач на автомобили Дајмлер планира да лансира нова линија на мали луксузни автомобили во својот оддел Мерцедес – Бенц, како конкуренција на ривалскиот лидер на пазарот на луксузни автомовили, BMW.
Центарот ќе се простира на 40.000 метри квадратни, а освен продавници и деловни простории, ќе има и околу 200 станови.
Германскиот енергетски концерн RWE го продаде својот дел во конзорциумот за изградба на гасоводот Набуко на австриската нафтена компанија OMV.
Руската влада размислува да продаде 19% од уделот во државната нафтена компанија Роснефт во рамките на планот за забрзана приватизација на одделни државни претпријатија, изјави министерот за економија Андреј Белоусов.
Најпрометниот и најдинамичниот аеродромот во Турција, Ататурк аеродромот во Истанбул доби меѓународно признание и беше прогласен за најдобар аеродром во јужна Европа по втор пат.
ЕОЅ група ја презеде компанијата SAF Forderungsmanagement, компанија на Дојче Телеком за управување со побарувања. Со преземањето на SAF, ЕОЅ група станува лидер во наплата на побарувања во телекомуникацискиот сектор.
Шведската Агенција за храна откри присуство на значителна количина свинско месо во говедска салама со халал сертификат од Словенија. Словенечките медиуми наведуваат дека станува збор за говедски кулен на произведувачот Кошаки ТМИ од Марибор.
Фолксваген, кој планира да инвестира во фабрика за производство на нови лесни комерцијални возила во Европа, не може да се определи меѓу Турција и Полска, изјави турскиот министер за економија Зафер Чаглајан.
Последните пет – шест години, Русите предводат на листата странски сопственици на недвижен имот во Црна Гора и тоа со портфолио од околу 150.000 станбено – деловни квадрати и преку 300 хектари земјиште.
Австриската министерка за финансии Мариа Фектер безуспешно се обидуваше во Брисел да ја убеди Европската комисија да и даде повеќе време на Хипо Алпе Адриа банка за продажба на ограноците во југоисточна Европа.
Рускиот милијардер Александар Лебедев ја продаде авиокомпанијата Red Wings по цена од една рубља. На оваа компанија и беше одземена дозволата за летање, откако еден од Туполев авионите на 29 декември се урна при слетување во Москва и загинаа пет членови на екипажот.
Според податоците објавени за работењето во 2012 година, Ровио лани оствариле приходи од 152,2 милиони евра, што претставува раст од 101% во однос на претходната година.
Во 2000 година, ЕУ забрани увоз на млечни производи, на млеко и јогурт од Турција, затоа што овие продукти не ги задоволуваа европските стандарди за храна.