Германскиот спортски бренд Пума, во сопственост на PPR Group (матичната компанија на Gucci, Bottega Veneta, Brioni) соопшти дека бележи пад од 69,5% на нето - добивката за 2012.
Рускиот претседател Владимир Путин поднесе предлог закон до Парламентот со кој на функционерите им се забранува поседување на банкарски сметки и имот во странство.
Турција мора да го прифати еврото како своја национална валута ако се приклучи на Европската унија и ги исполни потребните услови, изјави еврокомесарот Штефан Филе.
Германското обвинителство соопшти дека ја проширува истрагата за наводни манипулации со берзански акции на германскиот произведувач на спортски автомобили Порше.
Се очекува 2013 година, со 11,6 милиони продадени автомобили да биде најлоша година за продажба во Западна Европа по 1993 година.
Германскиот “направи сам” (do it yourself) синџир Практикер АГ ги затвора своите продавници во Турција и се повлекува од земјата.
На македонскиот пазар нема смрзнати лазањи со говедско месо од шведскиот бренд Финдус, потврдија инспекциски контроли.
Турскиот авиопревозник Туркиш ерлајнс ќе престане да служи алкохолни пијалоци во бизнис класата во текот на домашните летови, освен на шест одредени дестинации. Како причина за тоа ја наведуваат слабата побарувачка.
Проблемот со имиџот ги тера германските туристи да бараат алтернативни туристички дестинации, како што се Турција, Италија или Шпанија.
Еден просечен Данец за еден час работење може да заработи до 25 евра, додека за истото време Македонецот заработува само 2,5 евра, што во споредба е за 10 пати помалку.
За високорангираните менаџери и извршни директори се предвидени казни затвор во траење од пет години доколку се утврди дека ја занемариле должноста на подрачјето управување со ризици и им дозволиле на компаниите да завршат во финансиски тешкотии.
Јапонската компанија, партнер на француски Рено, планира во фабриката во Шпанија годишно да произведува 80.000 нови модели на семејни автомобили. Управата планира директно да вработи 1.000, а индиректно 3.000 работници.
Данскиот произведувач на играчки Лего соопшти дека ќе подели 380 откази во главната фабрика во Данска до 2015 година, поради селење на активностите во странство, со цел намалување на трошоците.
Турција е подготвена да им даде турско државјанство на чешките бизнисмени кои би сакале да инвестираат во Турција, изјави премиерот Реџеп Таип Ердоган за време на турско-чешкиот бизнис совет што се одржа во Прага.
Француската компанија GL Bijoux која произведува сребрен и позлатен накит, оди под стечај поради огромниот пад на продажбата и зголемување на материјалните трошоци за работа.
Во текот на минатата година руската енергетска компанија Газпром својот природен гас најскапо го продавала во Македонија, Полска, Босна и Херцеговина, Чешка и Бугарија, пишува московскиот весник Известија.
Германските власти за заштита на конкуренцијата ги казни Kraft, Nestle, Ritter, Strock... вкупно 11 произведувачи на чоколади со 60 милиони евра поради нелегално здружување и договарање на цените.
Француските власти ќе ја запрат продажбата на хормонските таблети Diane 35 за третман против акни, кои често се користат и како терапија за контрацепција, поради загриженост дека предизвикуваат згрутчување на крвта.
Турција планира да изгради брза железничка линија меѓу регионот на Црното море и југоистокот на Турција, објави министерот за животна средина и просторно уредување Ердоган Бајрактар.
Данските компании Tredje Natur и PK3 заеднички составија предлог дизајн Blue Plan, кој предвидува конструкција на пет вештачки острови на доковите на градот. Петте зони ќе бидат наменети за рекреација и едукација и ќе бидат еколошки.
Европската унија денес ги казни шпанска Телефоника и Португал Телеком со 79 милиони евра, затоа што постигнале согласност да не си бидат конкурентни еден на друг.
Рускиот производител на антивирусниот софтвер Kaspersky Lab, од компанијата О1 планира да го купи деловниот комплекс Олимпија парк, кој се наоѓа на Ленинградскиот автопат во Москва.
Компанијата Дојче Телеком почна разговори со купувачи и советници за продажба на најголемиот германски интернет портал за продажба на возила и недвижнини, Scout24, чија вредност би можела да достигне 1,5 милијарди евра.
Само задолжителната ознака “made in” им овозможува на потрошувачите информиран избор, објаснуваат европратениците, истакнувајќи дека таквите ознаки се задолжителни во земји како што се Бразил, Кина или САД.