Телеком Словенија доби 3,2 милиони евра од европските фондови за проектот eBadge, чија цел е воспоставување меѓународна паметна електроенергетска мрежа, Смарт грид, со акцент на услугите понуда и побарувачка.
Министерот за надворешни работи на Австрија, Михаел Шпинделегер се закани со ставање на вето на буџетот на ЕУ, доколку на некои земји им биде дозволено помалку да уплаѓаат и ако бидат намалени дотациите за руралниот развој.
Грчкиот парламент го усвои буџетот за 2013 година, кој предвидува нови намалувања на платите и на пензиите, зголемување на даноците и мерки за полесно отпуштање на работниците, и покрај силното противење на јавноста.
Буџетскиот дефицит на Франција на крајот на септември е намален на 85 милијарди евра, од ланските 92,7 милијарди евра, соопшти француското министерство за буџет.
Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Светска банка (СБ) и Европска инвестициска банка (ЕИБ) најавија 30 милијарди евра помош за опстанок на економијата и раст во средна и југоисточна Европа, во контекст на продолжената криза во еврозоната.
Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека во следните години постепено во оптек ќе пушта нова серија на банкноти во евра. Ќе почне во мај 2013 година, со новата банкнота од пет евра.
Француската банка Societe Generale соопшти дека во третиот квартал забележала пад на нето профитот од дури 86,3%, на 85 милиони евра.
Финската текстилна компанија Lindström наскоро во близина на Загреб ќе отвори сервисен центар за наем на висококвалитетна работна облека, која пред се ќе биде наменета за деловните клиенти.
Владата на Латвија утврди предлог закон за воведување на еврото од 1 јануари 2014 година како официјално средство за плаќање, наместо националната валута лат.
Институтот за здравствена наука на Nestlé (Nestlé Institute of Health Sciences) официјално е отворен со церемонија одржана во новата зграда во Лозана, Швајцарија.
Британската банкарска групација HSBC во последните две години отпушти скоро 30.000 работници, а ќе се делат уште откази.
Европската комисија се подготвува да објави песимистични прогнози за шпанскиот економски раст во периодот до 2014 година, пишуваат шпанските медиуми.
Германскиот произведувач на луксузни автомобили BMW извести дека нето добивката во третиот квартал пораснала за неочекувани 16%, на 1,29 милијарди евра, и покрај тешките услови на пазарот.
Под покровителство на шведската влада и заводот за вработување, шведскиот град Содерхамн почна да им плаќа на младите невработени жители да се иселат од градот во соседна Норвешка и таму да се обидат да најдат работа.
Романскиот премиер Виктор Понта го стави под знак прашалник воведувањето на еврото во Романија во 2015 година, што досега беше официјален став на владата.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган навести можност за формирање на валутна унија врз основа на лирата, националната валута, објави Вол Стрит Журнал. Според Ердоган, некои членки на Европската унија и советувале на турската влада да направат лиразона и самиот премиер е согласен со таа идеја.
Француската влада најави дека наскоро ќе го разгледа предлогот за ставање на празните станови на располагање на бездомниците.
Владите на Германија и уште четири земји се фокусираат на реализација на проектoт Desertek, изградба на првата голема соларна електрана во Мароко.
Франција планира да воведе високи даноци на пивото, што предизвика негодување кај домашните и странските пивари. Претседателот Франсоа Оланд сака парламентот да усвои закон со кој данокот за пиво би се зголемил за 160%, за да може со тие пари да се финансираат одредени социјални програми.
Невработеноста кај 17 членки од еврозоната пораснала на рекордни 11,6% во септември. Според податоците на Евростат, најголема невработеност во еврозоната од 25,8% има во Шпанија, а веднаш зад неа е Грција со 25,1%.
Унгарија ја разгледува можноста за издавање дозволи за постојан престој, а потоа и на унгарско државјанство на богати странски инвеститори, стои на интернет страната на унгарскиот парламент.
Австрискиот огранок на Дојче телеком, T-Mobile Austria, би можел да ги намали инвестициите, па дури и да се повлече од Австрија ако не му се допушти рамноправно да конкурира со конкурентите кои ќе добиваат фреквенции во мрежата на четвртата генерација LTE, изјави извршниот директор Андреас Бирвирт, пренесува Ројтерс.
Двата главни настани на Интел кои се фокусираат на европското истражување, развој и иновации Истражување@Интел Европа (Research@Intel Europe) и Европската конференција за истражување и иновации (ERIC), се одржаа во Барселона, Шпанија на 22 и 23 октомври 2012 година.
Британскиот министер за одбрана Филип Хамонд објави дека ќе потроши дополнителни 350 милиони фунти за развој на нуклеарни подморници од новата генерација, отфрлувајќи ги така заканите на шкотските националисти дека британската поморска база ќе ја преместат од Шкотска.