Бидејќи Шведска важи за 10-та најголема економија во Европа според бруто домашниот производ, таа е клучен пазар на Amazon за нејзината стратегија за раст.
Клиничките испитувања врз луѓе почнаа во септември. Првите резултати од тестот се очекуваат на почетокот на декември 2020 година, а третата клучна фаза од тестот е планирана пред крајот на годината.
Комисијата преговара и со производители за набавка на вакцини за да се обезбедат доволни количини, откако ќе биде утврдено дека се сигурни и ефикасни.
Heathrow очекува дека во 2021 година преку аеродромот ќе поминат 37 милиони луѓе, што е за 41 % помалку од предвидувањата од јуни кога се очекуваше сообраќај на 63 милиони патници.
Францускиот производител Renault не го заборава својот адут Megane во седан варијанта којшто сега пристигнува со низа унапредувања и освежувања.
Италија доби 10 милијарди евра, Шпанија шест милијарди, а Полска една милијарда евра.
Продавниците ќе останат отворени доколку ги почитуваат строгите мерки за хигиена и ограничување на бројот на купувачи, а рестораните ќе можат само да вршат достава на храна.
Бројот на патници на аеродромите низ Европа е намален за 73% во однос на септември лани, а изгубени се околу 172,5 милиони патници поради пандемијата.
Дури и Меѓународниот монетарен фонд објави минатата недела дека засега приоритет е да се стави пандемијата под контрола, а потоа и да се зајакне економски.
Преку различни облици на помош, италијанската економија ќе добие поддршка од 5,4 милијарди евра.
Тунелот, исто така ќе биде најдолгиот комбиниран патен и железнички тунел во светот.
Со најголем ризик дека ќе останат без работа поради пандемијата имаат работници на определено време, младите вработени (од 16 до 24 години) и нискоквалификуваните работници.
Словенија објави дека од денеска граѓаните не смеат да го напуштаат местото каде живеат ако не е неопходно.
Синдикатот тврди дека возачи од 2018-та година во повеќе од 1.000 случаи наводно биле неосновано обвинети за измама и веднаш им иле укинати сметките, без право на жалба.
Порастот на кредитирањето во септември е зголемено за 7,1% во однос на истиот период лани, што беше случај и во претходните три месеци.
Најмногу погодени се младите на возраст меѓу 15 и 34 години.
Fiat ја освежи целосната постава на моделот Tipo и притоа ја претстави целосно новата Cross варијанта која е всушност кросовер верзија на моделот.
Патници користат лажни тестови за да може да патуваат, а цената на еден негативен тест се движи од 55 до 165 евра.
Соработката се однесува на брендирање, маркетинг, услуги и информатичка технологија.
Ако гаражата на аголот од улиците Jacob Obrechtstraat и Van Breestraat навистина се продаде за таа сума, тоа ќе биде најскапиот простор за паркирање во светот.
BMW ја претстави првата ограничена едиција на новиот M4 Competition само неколку недели откако моделот официјално дебитираше.
Иако порано автомобилите важеа за статусен симбол на урбаното окружување, денес тие се предмет на различни ограничувања поради негативното влијание врз животната средина.
Европската централна банка внимателно ги следи разговорите за зголемување на платите во Германија, поради евентуално загрозување на целната инфлација.
Бројот на невработени во Австрија изнесува 413.241, што е за 71.000 повеќе од истиот период минатата година. Инаку, најголем број на невработени е забележан на средината на април.











