Министерот за економија Ваљон Сарачини, оперативниот директор на Македонска банка за поддршка и развој (МБПР) Бесим Билали и претседателот на Стопанска комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи, денес ќе ја посетат општина Брвеница.
Во третата индустриската зона во Василево ќе никнат уште неколку нови објекти.
Благој Ѓорев успешно опстојува на македонскиот пазар веќе 90 години, има производствен капацитет за преработка на повеќе од 50.000 тони маслодајни семиња годишно, додека процентот на искористување во моментов е нешто над 10%.
Според информации од порталот zase.mk, на местото на McDonald's чии ресторани беа затворени во средината на мај годинава, доаѓа брендот за брза храна од Грција Goody's.
Во селото Требош, општина Желино денес ќе биде поставен камен-темелник на фабрика за производство на електрична енергија од органски отпадоци.
Од ноќеска на полноќ  бензините се поевтини за 1,5 денари, а дизелот за половина денар.Литар ЕУРОСУПЕР БС-95  се продава за 81 денар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за  82,50,...
Со најновата владина измена во субвенциите за проектот Купи куќа, купи стан, парите за половина учество станаа неповратни. Оваа измената ќе важи како за новите, така и за веќе земените кредити.
Британската компанија Џонсон Мети започна со пробно производство во втората фабрика во Бунарџик, додека официјалното отварање на вториот погон е закажано за септември.
Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото ја оценија економската состојба во второто тримесечје од 2013 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна и во однос на истото тримесечје од 2012 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-јуни 2013 издадени се 75 одобренија за употреба, а проценетата вредност на објектите изнесува 964 388 илјади денари.
“Со пет компании сме во финална фаза, односно пред потпишување на договор за инвестирање. Станува збор за две турски инвестиции, една американска, неколку од регионот”, изјави вчера Ставрески во интервју за јавниот сервис.
Директорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски потврди дека цената на огрвното дрво за претстојната зимска сезона нема да се менуа во однос на лани.
Владата на Република Македонија ќе обезбеди бесплатни обуки за сите граѓани за основни познавања од информатичката технологија (ИТ), работа со компјутери и интернет, како и бесплатни обуки за невработените за два понапредни програмски пакети, графички дизајнери и јава веб дивелопери.
Продолжениот рок за доставување на барањата е со цел да се излезе во пресрет на барањата од потенцијалните корисници за подготовка на квалитетни апликации, како и да се овозможи ефикасно искористување средства од Програмата ИПАРД.
Во првото полугодие на годината Македонски Телеком и Т-Мобиле оствариле евидентен пад на приходите и добивката, што се должи на падот на приходите од говорните услуги, додека од друга страна остварен е пораст во интернет и IPTV сегментот.
Се уште е многу мал процентот на искористување на државната поддршка за заштита на земјоделските површини од временските непогоди што се обезбедува веќе пет години.
Извозот на земјоделски производи во првите пет месеци годинава за разлика од лани бележи зголемување за 7%.
Владата на Србија ќе чека најдоцна до 15 август да види дали Македонија ќе ја укине одредбата за ограничување на увоз на пченица и брашно од Србија
Младите луѓе на возраст од 18 до 30 години ќе можат да започнат свој бизнис и нивните бизнис идеи да ги преточат во бизнис планови.
Со законските измени на Законот за градежно земјиште, што ги усвои Владата, ќе се овозможи откуп на земјиште под легализиран објект и во случај да не е донесен урбанистички план.
ТТК Банка ја проширува својата деловна мрежа со отворање на нова експозитура во населбата Ѓорче Петров, во Скопје.
Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ СИЗ Македонија сообраќај вчера во Куманово, пред бизнисмените, шпедитерите и фирмите кои вршат транспорт на стоки во во општината одржа работилница на која беа презентирани олеснувањата во спроведувањето на царинските постапки.
Во првото пологодие од 2013, Македонија извезла стоки во вредност од 2 милијарди и 720 илјади американски долари, а увезла стоки за 3,186 милијарди долари.
Според одлуката на Владата вкупно 32 ловишта во Македонија ќе бидат дадени под концесија. Од нив едно е лоцирани во Велес и едно во Тетово, по две ловишта во Прилеп, Македонски Брод и Берово, три ловишта во Свети Николе и Радовиш, осум ловишта во Битола и 10 во Штип.