Извозниците на брашно од Србија повторно се соочуваат со потешкотии при извозот на стока во Македонија, а проблемот овој пат настанал поради контролните маркици, пренесуваат српските медиуми.
Бербата на грозјето во најголемиот лозаровинарски регион во Македонија, Тиквешко, заврши, а дел од винариите веќе почнаа со исплата на грозјето, информираше Љупчо Аризанов, претседател на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија од Кавадарци.
Во последните контроли на Управата за јавни приходи, утврдено е дека 60 деловни објекти во Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Куманово, Струмица, Радовиш, Неготино и Кавадарци со неиздавањето на фискални сметки им ги ускратиле правата на граѓананите кои купувале токму во нивните деловни објекти, велат од УЈП.
Вината на Тиквеш Смедеревка Ркацители и Вранец Мерлот веќе се продаваат во 156 продажни места на познатиот синџир маркети Marks and Spencer.
Српскиот министер за природни ресурси, рударство и просторно планирање Милан Бачевиќ, истакнува дека студијата за исплатливост за изградба на водениот канал Дунав-Морава-Вардар покажа дека тој е економски оправдан.
Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за катастар на недвижности, денес од 10 до 15 часот, организира еднодневен семинар на тема: Практична примена на Законот за катастар на недвижности.
Во организација на Сојузот на стопански комори, денес во Маврово ќе биде промовирана бизнис платформа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес одржа состанок со претставници од Светската банка и од специјализираната компанија за реосигурување ризици од катастрофа Европа Ре.
Деловните субјекти во Македонија се под европскиот просек во однос на користењето интернет, беше констатирано на денешната прес-конференција во Стопанската комора.
Oд ноќеска на полноќ, бензините ќе поскапат за половина, а дизелот за еден денар. Ова е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.
Во рамки на првиот ден од посетата на Пекинг, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов се сретна со раководствата на три кинески компании, заинтересирани за економска соработка со Македонија.
Со новите измени на Законот за ловство што ги прифати Владата на Република Македонија, концесиите за ловишта во земјава отсега ќе се издаваат по електронски пат.
Владата на Република Македонија донесе одлука за почнување постапка за доделување концесија за изградба на ХЕЦ Чебрен и Галиште, со цел побрзо да почне искористување на енергија од обновливи извори.
За 10 годишното постоење кредитното портфолио на Банката достигна близу 200 милиони евра, а депозитното 164 милиони евра. Банката опслужува 12.000 бизнис клиенти и 69.000 штедачи и е банка со најдинамичен развој во банкарскиот сектор.
Освен што беа промовирани новите програми, пред преполна сала бизнисмени беа доделени сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија.
Менаџери за човечки ресурси во македонски компании, странски консултанти и владини претставници денес на конференција во Скопје разговараа за начините за создавање човечки капитал што ќе одговори на потребите за развој на организациите во услови на постојани промени.
Според раководителот на Одделот за надворешна економија и маркетинг при баварското Министерство за економија и медиуми, Улрике Волф, Македонија е мала економија, но тоа има и предности, како што е можноста за побрзо дејствување што треба да се искористи.
На Универзитет Американ Колеџ денес од 11 до 12.30 часот ќе се одвива работилница на тема Да ја направиме работата во МК исплатлива.
Во индустриската зона Жабени, кај Битола, денес свечено ќе биде отворена новата фабрика на германската компанија Kromberg & Schubert.
Oд февруари следната година автобуските билети ќе се издаваат по електронски пат.
Граѓаните ги избраа новите девет идејни решенија за футуристички изглед на плажите во Дојран и Преспа.
Бизнис конфедерацијата на Македонија во соработка со Сојузот на синдикати на Македонија почнува со реализација на проект за вклучување на работниците во менаџирањето на компаниите.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август 2013 година изнесува 127.607, а бројот на ноќевањата изнесува 586.635.
Центарот за развој на претприемачи и менаџери CEED Македонија, вечерва во хотел Александар Палас свечено ќе го прослави своето ребрендирање и ќе ги промовира новите генерации менаџерски програми.