Бројот на учесници е ограничен. Првиот циклус за пријавување е отворен до 30 јуни 2017 година.
Семос Едукација стартува менторски програми за студенти и невработени лица со цел стекнување на практични вештини кои се бараат најмногу на пазарот на трудот од областа на IT технологиите.
Акциите на Комерцијална банка, Македонијатурист и Стопанска банка се најтргувани хартии од вредност на официјалниот пазар на Македонска берза во мај.
Добивката по оданочување за 2016 година во износ од 1.189.401 денари се распоредува на: резервен фонд во износ од 59.470 денари и 1.129.931 денари за покривање на пренесена загуба.
Во периодот од седми до 18 јуни, Magenta 1 M/L корисници на Македонски Телеком ќе добијат на подарок ексклузивен дрес на нашиот шампион Вардар.
НЛБ Станбените кредити се одобруваат со намалени поповолни каматни стапки. Каматните стапки започнуваат од 3,5% и се фиксни за првите три до пет години, зависно од типот на кредитот.
Артурс отвори нов мултибренд салон во Градскиот трговски центар (ГТЦ) којшто има нов ентериер и нови брендови што ги нуди.
Tрошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,5%, трошоците за материјали се повисоки за 3,2%, а трошоците за вработените се пониски за 5,3%.
Компанијата лани оствари нето добивка по оданочување во износ од 7.810.605 денари, од кои 2.000.000 денари се за исплата на бруто дивиденда на акционерите. Нето дивидендата по акција изнесува 87,87 денари.
Цените на угостителските услуги во мај 2017 година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво.
Стопанска банка ги известува своите клиенти за измена во тарифникот за водење на штедни и трансакциски сметки од први јуни.
Лајонс клубовите во Македонија организираат активности насочени кон подобрување на животот на слепите и слабовидните лица, лицата болни од дијабетес, гладните лица, заштита на локалните животни средини и на сите на кои им е потребна помош
Македонската асоцијација за човечки ресурси го прогласи Стефан Јовановски од Вип за најдобар менаџер за човечки ресурси за 2016 година.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, во Источниот итн.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари - април 2017 година, изнесува 574.235.000 евра.
Меѓународниот Летен Академски курс ќе се одржи од 28-ми јуни до 8-ми јули, а на крајот од настанот сите учесници ќе полагаат завршен испит кој доколку го положат, ќе добијат сертификат со признаени кредити според ЕКТС.
Утврдената добивка во износ од 8.400.233 денари, да се распредели како резерви за инвестициски вложувања (реинвестирана добивка).
Концептот на школата е интерактивен со практични и тематски предавања што ќе им помогнат на младите кадри да се стекнат со професионално искуство во различни области и кариерен развој.
Најголем број на слободни работни места, односно 2.357, има во петтата група на занимања - Работници во услужни дејности и продажба.
Веќе традиционално, компанијата Бимилк на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории.
Нето добивката во износ од 110.391.986 денари, како што се наведува, се распоредување во резерви за инвестиции.
Втора година по ред, Еуролинк осигурување ја организира бесплатната пливачка школа за 120 деца на возраст од 7 до 12 години.
Дивидендата во бруто износ ќе изнесува 99 денари по акција.
Зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 1%, а реално за 0,6%) и Трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 17,3%, а реално за 6,9%).











