Оваа година од Охридска банка Сосиете Женерал, признание за најдобар шалтерски работник добија: Билјана Завојчева од експозитурата во Охрид, Весна Соларска Ангеловска од експозитурата во Куманово и Ана Попова од Централната експозитура во Скопје.
Археолошкиот локалитет Стоби беше почетна точка на туристичките прошетки што се дел од проектот Мапа на културата и што ќе се реализираат во текот на целата година во неколку етапи и ќе се посетат повеќе локации и знаменитости низ цела Македонија.
Од едукативниот центар испраќаат повик до сите невработени млади лица до 29 години кои се евидентирани во системот на АВРМ како активни баратели на работа да ги искористат последните термини за обука.
Croatia здравственото осигурување од тешки болни состојби е единствено и уникатно осигурување кое овозможува осигурително покритие во случај на болни состојби, а осигурителниот надомест обезбедува неопходни парични средства за лекување.
Управата за јавни приходи (УЈП) го објави возниот ред мобилните даночни шалтери за ноември оваа година.
Каматните стапки на вкупните кредити во септември бележат минимален пад во однос на август, за 0,1 процентен поен и изнесуваат 6,3%.
Стопанска банка го одбележува Светскиот ден на штедењето, којшто има за цел не само да го поттикне штедењето, туку и да се разбере поширокиот ефект за економијата и општеството.
Прометот во трговијата на мало, во септември во однос на истиот период лани, забележува зголемување, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Фондацијата Трајче Мукаетов и годинава традиционално доделува 35 нови стипендии, и тоа 15 за студенти на Фармацевтскиот и 20 за студенти на Медицинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј Скопје, за учебната 2016/2017 година.
Конференцијата ќе понуди широк дијапазон на теми, од дигитална трансформација, оптимизација на огласување, креирање содржина, анализа на публика, па до медиумски навики, кризно комуницирање и развој на пазар.
Бројот на работници во индустријата во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Brainster Кариера е онлајн платформа која на едно место ви нуди кариерно советување, идентификување на вашите потреби за доедукација, како и директно поврзување со компаниите кои имаат потреба од таленти.
Во првото тримесечје од 2016 година, 75,3% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за шест процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2015 година.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС – 98 и во следните две недели ќе биде 65 денари за еден литар. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 50 денари за литар.
Светскиот ден на штедењето е востановен на 31-ви октомври 1924 година, во текот на првиот Меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија.
Акционерското друштво Мода од Свети Николе, од јануари до септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 23.147.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Како германска банка, која се раководи по принципите на одговорно банкарство, ПроКредит Банка покренува едукативна акција со цел да ги информира граѓаните за тоа како една банка ги користи средствата кои се депонираат од населението.
Малопродажниот ланец, на 200 м2 ќе понуди широк асортиман обувки и гардероба во неколку спортски линии – за жени, мажи, тинејџери и деца.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашен пазар, во септември оваа година, се повисоки за 0,1% на месечно ниво, а пониски за 0,1% на годишно ниво.
Компанијата Жито Полог од Тетово, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 6.432.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Фруктал Мак од почетокот на годината до крајот на септември оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 5.327.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Комерцијална банка, во периодот јануари – септември оваа година, оствари позитивен финансиски резултат во износ од 526.234.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Индустриското производство во септември оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемено за 4,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Макошпед, од почетокот на јануари до крајот на септември оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка од 13.105.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.