Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 2.000 денари е претстава на македонска невестинска носија од Прилепско поле.
Управата за јавни приходи (УЈП) ги утврдува насоките за начинот на подготовка на МПИН пресметка (месечна пресметка за интегрирана наплата) од страна на стечаен управник.
Професори и студенти од техничките факултети, од земјава и од странство, ќе ги презентираат своите најнови истражувања и ќе понудат решенија за актуелни проблеми.
Текстилната компанија Тетекс од Тетово, во периодот јануари – септември 2016-та година, работеше со добивка во висина од 38.452.000 денари, покажа билансот на успех објавен на Македонска берза.
Прехранбената индустрија Благој Ѓорев од Велес, од први јануари до 30-ти септември оваа година, работеше со добивка од 2.822.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Цените на угостителските услуги во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, останаа на исто ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Градежната компанија Бетон од Штип, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 29.594.000 денари.
Македонски Телеком склучи договор за деловна соработка со Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Согласно Договорот, Националната арена Филип II ќе се ребрендира и именува во Телеком Арена.
Соработката и поддршката на локалната заедница е една од клучните стратешки определби и вредности на кои се темели корпоративната култура на Пивара Скопје и на сите нејзини вработени.
Трговскиот дефицит, од јануари до септември оваа година, достигна 1.270.533.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Одлуките што ќе ги донесе телото на Регионалниот комитет нема да бидат обврзувачки за членовите и ќе имаат карактер на препораки.
Најновата оцена за економскиот раст во 2016 година изнесува 2,3%, со инфлација од 0%, беше истакнато на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија, на којашто беше разгледан Кварталниот извештај за третиот квартал.
Компанијата Агрокуманово од јануари до септември оваа година оствари добивка од 5.811.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Советот на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) ја усвои одлуката за пуштање во оптек на книжни пари во апоени од 200 и 2.000 денари, како и одлуката за повлекување од оптек на книжните пари во апоен од 5.000 денари.
НЛБ Банка организира НЛБ Месец на осигурување во соработка со Сава Осигурување и Кроациа осигурување – Живот во период до 30-ти ноември оваа година.
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, за девет месеци прокнижи добивка од 20.482.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
По големиот успех на домашниот пазар, едицијата Бајки од Македонија станува достапна и за светската читателска публика, овој пат во превод на англиски јазик.
Студентската екипа на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје оствари најдобар екипен резултат на балканскиот натпревар по LabVIEW, којшто се одржа во Загреб, Хрватска.
Металуршката компанија Макстил, од први јануари до 30-ти септември оваа година, оствари 1.503.000 денари вкупна сеопфатна добивка, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Aгенцијата за кредитен рејтинг A.M. Best ги зголеми рејтинзите за финансиска моќ од А- на А (Одличен) и за кредитната способност на издавач од а- на а (Одличен) на Заваровалница Триглав, матичното друштво на Групацијата Триглав.
Ликвидноста на банките во третиот квартал бележи мал раст, покажуваат најновите макроекономски показатели на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Фармацевтската компанија Алкалоид, во периодот јануари – септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 509.357.000 денари.
"Нашата помош во создавањето на оваа серија произлегува од фактот дека компанијата со своите производи е дел од македонското секојдневие веќе шест децении и со тоа сосема природно влегуваме во една ваква екранизација на македонскиот живот".
Од сега на сите гурмани ќе им бидат достапни некои од најдобрите брендови кои нѝ доаѓаат од Италија.