Трошоците на живот во јули оваа година, во однос на претходниот месец, се намалени за 0,3%, а кај цените на мало има зголемување од 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Факом од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна добивка од 734.000 денари, додека истиот период лани беше на ниво од 3.523.000 денари.
Вкупните девизни резерви на крајот на јули оваа година имаа салдо од 2.588.200.000 евра, што е за 429,4 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец.
Охридска банка Сосиете Женерал во првото полугодие од оваа година оствари добивка од 255.645.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Потребно е да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција. Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400.
Акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и Стопанска банка Битола се најтргувани на официјалниот пазар на Македонска берза, покажува Месечниот статистички билтен.
Цените на угостителските услуги во јули оваа година, во споредба со истиот период лани, се зголемени за 0,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Агенцијата за катастар на недвижности ја поедноставува постапката за поднесување барање и плаќање надомест без провизија за користење на нејзините услуги преку буџетските корисници со поставување на ПОС терминали.
Трговскиот дефицит, во период од јануари до јуни оваа година, достигна 874.008.000 евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2016 година е зголемен за 0,8 процентни поени во однос на претходното тримесечје.
Македонски Телеком од први јануари до 30-ти јуни оваа година прокнижи вкупна сеопфатна добивка од 258.924.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
ТТК Банка во првото полугодие од 2016 година прикажа добивка од 8.832.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Транскоп од Битола во првото полугодие од 2016 година оствари загуба од 1.556.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Група турски бизнисмени пројавила интерес за основање авиокомпанија што би оперирала од охридскиот аеродром Свети Апостол Павле и би функционирала како национален авиопревозник.
Активната зона во Охрид е поставена во рамки на Холандскиот парк и претставува фитнес зона на отворено, опремена со најмодерни справи за вежбање, достапна 24 часа на сите граѓани без никаков надомест.
Цената на пченицата, во зависност од квалитетот се движи од шест до 9,50 денари, односно просечната е од осум до 8,50 денари.
Компанијата Уготур од први јануари до 30-ти јуни оваа година прикажа загуба од 828.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Тетекс од Тетово првото полугодие од 2016 година го заврши со добивка од 29.576.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Ithink е замислена како прва воведна академија за технологија, која има основна цел да ја афирмира информатичката технологија меѓу најмладите.
Индиректните ризици од излегувањето на Велика Британија од Европската унија врз македонската економија очигледно ќе зависат од ефектите врз Европската унија, како наш најзначаен трговски партнер.
Реплек од први јануари до 30-ти јуни оваа година работеше со добивка од 36.218.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Сè што треба да направите е да постирате фотографија од Вашето дружење со Tip of the week прирачниците на вашата моментална дестинација.
Рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведена и продадена оризова арпа е во тек и ќе трае до 31 август 2016 година.
Компанијата ЖАС од Скопје од први јануари до 30-ти јуни оваа година работеше со загуба којашто достигна 10.462.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.