На иницијатива на волонтерите од групата на Facebook за помош на настраданите, во сите Рептил Маркети се поставени пунктови, на коишто купувачите можат да купат производи од маркетот и да ги донираат.
Фабриката за чоколади, вафли и бонбони, Европа од Скопје, во првото полугодие од оваа година работеше со добивка од 5.483.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Земјоделскиот комбинат (ЗК) Пелагонија од Битола во период од први јануари до 30-ти јуни оваа година прокнижи загуба од 52.502.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во јули беше присутна поголема склоност на населението за штедење во денари, наспроти странските валути, беше истакнато на редовната седница на Комитетот за оперативна и монетарна политика на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola донираа 100.000 евра, вода и волонтерска помош, поддржувајќи го Црвениот крст на Република Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и други релевантни институции во намалување на последиците од катастрофалните поплави во Скопје.
Индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје од оваа година е зголемен за 0,6 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1,7 процентни поени зголемен во однос на истиот период лани.
Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави осмата листа на должници за долгови доспеани до 30.04.2016 и неплатени до 31.07.2016 година.
Попусти до 70% започнуваат од 17 до 21 август во Трговскиот центар Рамстор. Со слоганот “Дојди правиме чистка” започнува најголемата распродажба во градот Скопје, добро познатата кампања Garage Sale.
Комерцијална банка уплати два милиони денари на солидарната жиро сметка на Црвениот крст на Македонија за помош на лицата од загрозените подрачја.
Повеќе од 30% од кредитната изложеност на банките кон нефинансискиот сектор е наменета за финансирање на потрошувачката на физичките лица.
Прилепска Пиварница со голема донација од 25.000 литри флаширана вода и финансиски средства се вклучи во акцијата за помош на загрозените жители од подрачјата на Скопје, погодени од големата поплава.
Со донација во износ од 10.000 евра и храна во исто толкава вредност, компанијата Витаминка помогна на жртвите и тешко погодените граѓани кои останаа без или со разурнати домови од катастрофалните поплави кои се случија во саботата.
На Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ префрлени се 1.000.000 денари наменети за настраданите во подрачјата зафатени со невремето што се случи на шести август оваа година.
Италијанската компанија Ferrero е заинтересирана за поставување опитни парцели лешник во Македонија, поради што од државата бара под концесија 10 до 20 хектари земјоделско земјиште.
Фармацевтската компанија Алкалоид донираше медицински средства, средства за хигиена, за чистење и дезинфекција, како и бебешки пелени за лицата погодени од поплавите.
Компанијата Горска испрати камион со вода во погодените подрачја и веруваат дека на тој начин барем малку ќе го олеснат справувањето со природната непогода.
Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени, спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, денеска во Струга го отвори вториот Младински летен камп за климатски промени.
Пекабеско обезбеди 1.440 литри млеко, како и 960 килограми конзервирана храна и со тоа се вклучи во хуманата акција на Црвениот крст на Република Македонија за помош на лицата погодени од поплавите.
Од Управата за јавни приходи (УЈП) информираат дека се објавени нови правилници за формата и содржината на ПДД обрасци, коишто се применуваат од 31-ви јули оваа година.
Тимот на Здружението на готвачи Гастро Мак учествуваше на меѓународниот гастрономски натпревар Гулашијада - Тропоње 2016, во Србија, од 05 до 07 август 2016 година, на кој освои прво место.
Во програмата, која за првпат оваа година ја организира Македонија2025, ќе земат учество млади професионалци со македонско потекло од САД, Австралија, Германија и Франција кои ќе имаат можност подобро да се запознаат со нашата земја, можностите за водење бизнис и развој на нивната професионална кариера.
УНИ Банка утре ќе донира вода за пиење во количина од 24.000 литри (шлепер вода) во загозените подрачја и во координација со кризниот штаб ќе ја распредели водата според нивниот план.
Македонската компанија Пелистерка достави 50.000 литри вода за пиење во местата кои најмногу беа погодени од завчерашното големо невреме што го зафати скопскиот регион, стои во соопштението.
Еден литар Еуросупер БС 95 ќе чини 59,50 денари, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по 61,50 денари за литар. Горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 46 денари за литар.











