За полесен и побрз пристап до услугите на Халк Банк за правни лица, изработена е бесплатна мобилна апликација.
“На крајот на 2015 година, компанијата оствари нето добивка во вкупен износ од 33.234.000 денари. Добивката ќе биде искористена за покривање на загубата од минатата година“.
Во трговијата на мало, во јуни оваа година, во споредба со истиот период лани, е забележано зголемување на прометот во неколку групи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Управата за јавни приходи информира дека се објавени нови правилници за формата и содржината на обрасци коишто ќе се применуваат со почетокот на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, односно од 31-ви јули оваа година.
НЛБ Банка во првите шест месеци од 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 575.771.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Бројот на работници во индустријата во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 0,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Компанијата Пекабеско од јануари до јуни оваа година оствари добивка од 54.260.000 денари, додека истиот период лани добивката беше на ниво од 36.025.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех.
Овие еко острови се замислени како места каде граѓаните ќе можат да селектираат хартија, пластика, стакло и лименки.
Индустриското производство во јуни оваа година, во однос на истиот период лани, е намалено за 4,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Жито Полог од Тетово во првото полугодие од оваа година прокнижи вкупна сеопфатна добивка во висина од 6.238.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јуни се пониски за 0,1% на месечно, а повисоки за 0,6% на годишно ниво.
Охридска банка Сосиете Женерал отвори експозитура на нова локација во населбата Аеродром во Скопје со која за своите клиенти и вработени овозможува уште поголема достапност и пријатен и комфорен простор.
Комерцијална банка во првите шест месеци од оваа година оствари добивка во висина од 207.008.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза.
Корисниците на услугите од БЕГ ќе плаќаат сметки за парно поевтини за 10,93%, на Скопје Север за 4%, на ЕЛЕМ Енергетика за 11,59%, додека оние кои плаќаат по метар квадратен за 9,15%.
Фармацевтската компанија Алкалоид од први јануари до 30-ти јуни 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 326.436.000 денари, покажува неревидираниот консолидиран биланс на успех објавен на Македонска берза.
Граѓаните не се или се делумно задоволни од паркинг услугите, водоснабдувањето, одведувањето отпад, уличното осветлување, топлинската енергија,..., но голем дел од нив не си ги знаат правата.
Главниот ризик за банките доаѓа од нивната кредитна активност, којашто оствари забавен раст во 2015 година, беше истакнато на седницата на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Јавната понуда за запишување и уплата за хартии од вредност ќе продолжи по добиено одобрение од Комисијата за хартии од вредност за измените на Проспектот за што јавноста ќе биде известена.
Прехранбената компанија Благој Ѓорев од Велес од први јануари до 30-ти јуни оваа година оствари вкупна сеопфатна загуба во висина од 9.205.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Денес, произведува преку 1.000 тони производи годишно. Производите на Сончева долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.
РЖ Економика првото полугодие од 2016 година го заврши со загуба од 1.377.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во Пехчево, zip - линијата и адреналинската патека преставуваат структура од јажиња и сајли кои висат од едниот до другиот крај на патеката од високите дрва во густата шума.
Податоците за вкупните депозити кај банките во мај покажуваат умерен пад од 0,5% на месечна основа, којшто е понизок во споредба со претходниот месец.
Акционерското друштво Мода од Свети Николе во првото полугодие од 2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка од 19.108.000 денари.











