Саемот ќе биде отворен на 04.04.2016 (понеделник) со почеток во 11 часот во Амфитеаторот на ФЕИТ.
Индустриското производство во февруари, во однос на истиот период претходната година, е зголемено за 15,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од нераспределената добивка, се одвојуваат 6.479.325 денари за бруто дивиденда за акционерите, додека нето износот е 5.831.393 денари.
ЕВН повторно одлучи да ја демонстрира својата посветеност и одговорност кон лојалните корисници, насочувајќи ги своите ресурси во Наградна игра со којашто ќе ги препознае, поттикне, мотивира и награди своите корисници, ќе промовира позитивни промени и унапредување на добрите практики.
Компанијата ја доби наградата Кристално ѕвоно за постигнато второ место за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза за 2015 година и награда за постигнато второ место за котирано друштво со најголем остварен промет во изминатите 20 години од постоењето на Македонската берза.
Со овој сертификат, учесниците на курсот добиваат вештини во подрачјето на енергетската ефикасност и интегрирањето на обновливите извори на енергија во реновирање на постојните згради.
ТТК Банка ја продолжи промотивната понуда за физички лица којашто се издвојува со ниските каматни стапки и поволните кредитни услови.
Мопедите се во препознатливата жолта боја, на коишто странично ќе бидат поставени сандачиња за багаж, со што ќе се овозможи пренесување на пратки со максимална тежина до 30 килограми по сандаче.
Управниот одбор на Макпетрол го усвои Планот за работа во 2016 година, според којшто компанијата очекува да оствари добива од работењето пред оданочување во 2016 година во износ од 237,4 милиони денари.
Најголемо количество отпад (1.638.238 тони) е создадено во секторот Преработувачка индустрија. Вкупното количество на создаден опасен отпад изнесува 39.337 тони. Најголемо количество на опасен отпад e создадено во секторот Преработувачка индустрија, 37.126 тони.
Љупчо Георгиев е новиот генерален директор на Microsoft за Македонија и Косово, а промената ќе стапи на сила на втори април оваа година.
Во Телеком иновативниот центар на втори и трети април ќе се одржи настан којшто вклучува предавања за начинот на правење на игри, а ќе се организира и специјално издание на Хартсоун турнир.
За најтранспарентните котирани друштва на Македонска берза за 2015 година се избраа: Комерцијална банка (прво место), Алкалоид (второ место) и НЛБ Тутунска банка (трето место).
На конферецијата свои научни трудови пријавија 543 научници од 13 земји од Европа. Оваа конференција е најголемата научна конференција посветена на животната средина во Република Македонија и пошироко.
Последен ден на истргувани акции со право на исплата на дивиденда се утврдува 11.04.2016 година, односно за прв ден на истргувани акции без право на дивиденда се утврдува 12.04.2016 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, производството на кравјо млеко во 2015 година изнесува 361.072.000 литри што е за 6,7% помалку во однос на 2014 година.
Компанијата Таргет Груп од Скопје, од месец април 2016 година ќе овозможи нарачка на новите бонитетни извештаи вклучувајќи ги билансите за 2015 година за сите компании од државата.
Управата за јавни приходи (УЈП) информира за измените и дополнувањата на Законот за финансиска дисциплина, коишто се објавени во Службен весник број 215/15.
Бесплатен WiFi имаат патниците кои патуваат до 13 градови во Германија, Белград (Србија), Солун (Грција) и Софија (Бугарија).
Во трговијата на мало во февруари, во однос на истиот период лани, е забележано зголемување на прометот во повеќе групи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Висината на дивидендата бруто по акција ќе изнесува 3,231% од номиналната вредност, односно 100 денари бруто по акција, стои во одлуката за исплата на дивиденда и утврдување на дивиденден календар.
Бројот на работниците во индустријата во февруари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Комерцијална банка, како овластен учесник на македонскиот пазар на хартии од вредност, на годишната конференција на Македонска берза, е добитник на неколку награди и признанија.