Генералниот директор на винарската визба Тиквеш, Игор Илиевски учествуваше на пролетниот Вивалди форум за генерални директори, којшто традиционално седма година по ред, го организира престижната школа за менаџмент во Мокра Гора, Србија
Стрес тестовите претставуваат алатка со којашто може да се оцени отпорноста на одредена финансиска институција или целокупниот финансиски систем, под претпоставка да се остварат одредени непосакувани настани или сценарија.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари оваа година се пониски за 0,1% на месечно ниво, односно за 0,7% на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014, земјоделските површини се зголемени за 0,1%.
Комерцијална банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 19-ти април 2016 година ќе врши исплата на дивидендата за 2015 година.
Со оваа машина ќе се пакува пекарски индустриски маргарин во плочи од два килограма, којшто го користат пекарите во нивниот процес на производство.
Вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 819.607 МWh електрична енергија, 33.879 мил. нм3 природен гас, 674.028 тони јаглен и 60.516 тони нафтени продукти.
Националната награда, Автомобил на годината за 2016, на свеченото доделување отиде во рацете на претставниците на Порше Македонија за годинешниот победник Škoda Superb.
Бројот на активните деловни субјекти во Република Македонија во 2015 година изнесува 70.139, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголем впечаток остави проектот од Факултетот за маркетинг, каде група студенти имаат идеја конкретна винарија на пазарот да почне со производство на сирења и на тој начин да ја пласира својата понуда на пазарот.
Акционерското друштво Велес Табак од Велес 2015 година ја заврши остварувајќи вкупна сеопфатна загуба од 8.817.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Еколошкото здружение Кајмакчалан, со седиште во мариовското село Маково, почна иницијатива за брендирање на мариовскиот мед.
На овој начин, како што наведуваат од НБРМ, ќе се овозможат предуслови за подобрување во процесот на управување со ризиците од страна на банките и нивна поголема флексибилност во настапот на девизниот пазар.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во јануари изнесува 22.254, додека во бруто износ е 32.642 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Последната од неколкуте донации што се спроведоа во рамките на кампањата се состои од апарат за фототерапија кај бебињата, комплети за нормално дишење на новороденчињата, вакуум аспиратори и сонди за пулсоксиметари.
Агроплод од Ресен во билансот на успех за 2015 година, објавен на Македонска берза, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 17.208.000 денари.
Во недела на 27-ми март по повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром во Градскиот парк во Скопје кај Школка од 11:00 часот по прв пат ќе се одржи хуманитарна трка на еден километар.
На сајтот се прикажани главните прашања коишто беа опфатени во студијата на BEUC на тема Информирани избори при консумирање на храна за поздрави потрошувачи.
Акционерското друштво Македонијатурист донесе Одлука за распределба на добивката за 2015 година, објавена на Македонска берза.
Бугарската компанија Минстрој е нов концесионер за експлоатација на олово – цинкова руда во рудниците Тораница и Злетово.
Комерцијална банка го продолжува промотивниот период до 30.09.2016 година за станбениот кредит со ЕУР клаузула, стои во соопштението на банката.
БИМ Свети Николе донесе предлог одлука за распределба на добивката од 2015 година, којашто е објавена на Македонска берза.
Традиционално и оваа година, Стопанска банка АД - Скопје е присутна со свој штанд на 42-от меѓународен саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, којшто трае до 27-ми март.
На настанот присуствуваа повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро претпријатија од Битола, кои имаа можност да се запознаат со Бизнис комплет пакетот, предностите на бизнис осигурителните пакети, како и ризиците кои претставуваат опасност за секојдневното работење.