Организацијата Македонија 2025 наскоро ќе започне да бара инвеститори за фондот што треба да го финансира дијаспората, а чие формирање беше најавено на минатогодишниот Глобален инвестициски самит во Охрид.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески при вчерашната посета во Струга најави дека една од вкупно 13-те туристичко-развојни зони во државата ќе биде изградена на брегот од Охридското Езеро во селото Калишта.
Очекувањата на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) за економскиот раст од почетокот на годината се истиот да продолжи, но да биде нешто понизок од 3,9%, колку што изнесуваше во вториот квартал.
Македонија има навистина голем потенцијалот за инвестирање, а инвеститорите се веќе запознаени со географската положба, довербата што се гради и транспареноста.
Македонската компанија со украински партнер Мастер Гаспром ќе влезе на македонскиот пазар со гас.
Фондацијата Тиквешки вински пат во соработка со Министерството за економија и Кластерот за туризам го спроведува проектот Науката и праксата - пат кон успехот.
Фармацевтска компанија Продис, членка на руската Протек Груп, почна да ги извезува своите производи на украинскиот пазар. Првиот извоз во Украина изнесува околу 70.000 евра.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе отпатува во дводневна работна посета на Турција каде ќе оствари средби со стопанственици – потенцијални инвеститори од оваа земја.
Повеќе од 350 учесници од повеќе земји во светот денес и утре во Охрид ќе разговараат за можностите за поголема економска соработка на вториот Глобален инвестициски самит што го организира Македонија 2025.
Во организација на фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организацијата Аналитика, денес во Скопје ќе се одржи конференција на тема Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот
На настанот ќе земат учество 50 успешни компании, институции и организации кои ќе имаат можност директно да се претстават пред амбициозни млади личности од државните и приватните универзитети/факултети, како и од средните училишта.
Според очекувањата на банкарите, во наредниот период кредитирањето на компаниите, со оглед на најавите за поголема економска активност, треба да се зголеми.
Шпаркасе Банка во својата понуда воведува два нови пакета С и М наменети за физички лица.
Општина Илинден распиша конкурс за избор на идеен проект и изработка на основен проект за изградба на семејни станбени куќи на локалитетот Јака.
Министерството за труд и социјална политика, МАПАС и двете пензиски друштва со поддршка на Министерството за образование и наука ќе вршат обуки на студенти и ученици од завршните години, од 75 средни училишта.
Комисијата за хартии од вредност (КХВ) трајно и ја одзема дозволата за вршење на услуги со хартии од вредност на брокерската куќа Мој брокер АД Скопје.
На овој свечен настан што на 17 октомври ќе се одржи во хотел Александар Палас, ќе бидат доделени сертификати и благодарници на околу 300 претприемачи, менаџери и ментори кои изминатата година беа дел од програмите на CEED Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во септември 2013, во однос на август 2013, изнесува 100.2, а во однос на септември 2012 изнесува 101.6.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава се издадени 140 одобренија за градење, што е за 48,5% помалку во однос на август 2012.
Во рамките на Глобалниот Инвестициски Самит за Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи Работилница за претприемништво, на која се пријавени 150 млади професионалци, претиприемачи, менаџери и извршни директори.
Од ноќеска на полноќ се намалуваат цените на нафтените деривати во просек за 2,79%.
Акцентот беше ставен на секторот енергетика, условите во технолошко-индустриските развојни зони и брзите, ефикасни постапки за отворање и водење бизнис кои ја рангираат Македонија меѓу државите со најниски трошоци на ова поле во Европа.
Слободен увоз на суровина преку целата година наместо оптоварувања со царини и прелевмани, бараат компаниите од конзервната индустрија.
ОНЕ најави голема наградна игра, во која главна награда е автомобилот MINI ONE, а ќе се делат телевизори Sony Bravia 32 секој ден и Sony 3 LED еднаш неделно.