Акцијата за категоризација на издавачките објекти стартуваше кон крајот на мај, со цел да се откријат непријавените издавачи на соби.
Македонија го потпиша договорот со Руската Федерација за соработка во изградбата на гасоводот Јужен тек. Македонија се вклучува со крак, а од каде ќе се гради дали од Србија или Бугарија треба да одлучи Газпром.
Компанијата SunWireless потпиша договор со менаџментот на СЦ Борис Трајковски со што стана ексклузивен Wi-Fi провајдер во скопскиот Аква Парк кој беше отворен во неделата.
Македонската страна во разумен рок да го реши прашањето со условениот увоз на пченица и брашно, прифатија Македонија и Србија на вонредната седница на ЦЕФТА што вчера се одржа во Белград.
Промоцијата се применува за сите ново-отворени сметки и активирани сметки во периодот од 15.07.2013 до 30.09.2013 година.
На официјалното прогласување беше потпишан и договор преку кој странските пазари ќе станат многу подостапни за компании од ИТ индустријата од Македонија и Балканот.
Македонска делегација, предводена од премиерот Никола Груевски по покана од Руската Федерација, денеска ќе замине за Москва, каде утре треба да го потпише договорот за Јужен тек.
Македонија нема намера да ја повлече или да ја измени мерката за условен увоз за пченица и брашно до крајот на годината, односно до стабилизирањето на пазарот, како што беше и првично планирано.
Македонската винарија Стоби склучи договор со специјализираниот увозник за висококвалитетни вина United Stars Canada, преку кој Винарија Стоби успеа да направи влез на своето вино Врнаец Класик на канадскиот пазар.
ПроКредит Банка го отвори аплицирањето за избор на нај ПРОактивни земјоделци од пет различни категории: житни култури, раноградинарско производство, долгогодишни овошни насади, сточарство, органско производство.
Целта на оваа акција е да се информираат давателите на услуги и нивните корисници и да се воведе поголем ред во туристичката дејност.
Операторот Boom TV во својата понуда воведува нов телевизиски канал Klasik TV, со цел задоволување на потребите и вкусовите на поширокиот аудиториум.
Јавниот повик за набавка на нови 150 товарни вагони веќе е објавен, а за патничките се очекува да биде објавен во текот на август.
Тргнувајќи од своето деветдецениско постоење, новото визуелно претставување на СКОПСКО е спој на традицијата - од која СКОПСКО ја црпи својата енергија и вредности - и модерното, на кое се надградува иднината на еден од најпознатите македонски брендови.
Oд 20 декември годинава, германската авиокомпанија Флај Германија ќе почне со редовни летови Скопје – Берлин и тоа два пати неделно, во понеделник и петок.
Двајцата директори разговараа и за поставување на заедничка станица каде ќе се врши примопредавањето на возовите, а разгледана е и опцијата за повторно воведување на патничкиот воз до Солун.
Интензивно се градат нови бунгалови во автокампот Ас во Струга поради зголемениот интерес кај гостите за камперски туризам.
Мелничарите ја поддржуваат владината одлука за условен увоз на пченица и брашно и сметаат дека треба да остане во сила во предвидените шест месеци.
Со измените на Генералниот урбанистички план (ГУП) на општина Велес, Топилницата за олово и цинк се брише од целокупната планска документација, а просторот се пренаменува во заштитно зеленило.
Владата предложи нови измени во Законот за јавни набавки со цел да се намалат трошоците и да се подобри пристапот на деловните субјекти во постапките на јавните набавки, да се подобри правната заштита и да се зголеми транспарентноста.
Цената на пивото се зголемува за три до четири денари по литар, додека кај жестоките алкохолни пијалоци таа ќе се зголеми и до 40 денари. Се очекува зголемување на цените и на поевтините цигари, кои ќе поскапат од четири до 10 денари.
На состанокот детално е разработен планот на идните активности што треба да се преземат од страна на Сахара Груп согласно договорот за инвестирање и дефинирани се деталите на инстиуционалната поддршка за нивно спроведување.
Според Сарачини, во Македонија треба да се реновираат околу 1.100.000 квадратни метри од станбениот фонд на згради до 2020, што значи дека почнувајќи од следната година, според препораките од ЕУ, потребно е да се реновираат по 3% од приватниот и 5% од јавниот фонд годишно.
Еуросупер БС-95 ќе поскапи за 2,5 денари и ќе се продава по цена од 81 денари за литар, додека за три денари поскапуваат Еуросуперот – 98, Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство.