На отворените денови на Централниот регистар на Република Македонија, кои почнуваат од денес, граѓаните и правните субјекти ќе можат да добијат информации за сето она што ги интересира, а е поврзано со работата на оваа институција.
Со новата m-banking мобилна апликација, што вчера ја промовираше Стопанска банка, ќе може 24 часа да се вршат банкарски операции и плаќање во земјата и странство.
Според податоците на Државниот завод за статистика во четвртото тримесечје од 2012 година активното население во Република Македонија изнесувало 948.125 лица од кои 657.849 се вработени, а 290.276 невработени.
Глигор Бишев заминува од местото генерален извршен директор на Стопанска банка.
ЕВН Македонија воведе нова услуга, е-фактура, преку која корисниците навремено ќе ги добиваат фактурите за електрична енергија и истите ќе можат навреме да ги платат, со што ќе ја избегнат каматата за задоцнето плаќање.
Според Меморандумот за соработка, што денес во Стопанската комора на Македонија го потпишаа Платежната агенција и Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва, се предвидува брокерски друштва да ги посетуваат земјоделците и да ги објаснуваат бенефициите од осигурувањето на посевите.
Според изјавата на заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, обесштетувањето на земјоделците од поплавите ќе почне веднаш штом заврши проценката согласно извештаите од теренски анализи која веќе е во тек.
На саемот за роботика, кој се одржа oд 12 до 16 март, учество земаа околу 60 домашни и 40 странски учесници, кои по петдневната обука имаа можност да ги покажат своите вештини пред македонската јавност.
Во индустриската зона Жабени, кај Битола, вчера беа пуштени во употреба два инфраструктурни проекти, пречистителна и трансформаторска станица, чија инвестиција изнесува околу 1,8 милиони евра.
Компании од земјава, преработувачи на овошје и зеленчук, од денес ќе престојуваат во Стокхолм, Шведска, каде ќе ги претстават извозните потенцијали на Македонија
Турската компанија Суташ кој ја купи млекарата ЅWEDMILK ќе почне со производство во мај годинава и тоа на шест категории производи.
Во Македонија ќе се развива производствен систем на квалитетни сорти ориз, кои ќе придонесат за зголемен приход на производителите како и за подобар пласман на тој земјоделски производ.
Министерството за економија денеска традиционално ќе го одбележи 15 март, Светскиот ден на потрошувачот, под мотото Заштита на потрошувачките права.
Последното усогласување на договорот за приклучувањето на Македонија кон гасоводот Јужен тек е веќе направено. Се очекува руската страна наскоро да го ратификува, а потоа и македонската Влада.
Компанија од странство која веќе инвестира во автомобилската индустрија во Бугарија наскоро ќе ја посети Македонија со цел да ги разгледа можностите за инвестирање во автомобилскиот сектор.
По извршената двојна проверка за безбедност и здравствена исправност, млеката на хрватската компанија Дукат од денес се повторно достапни на македонскиот пазар.
Со 6,7 бодови Македонија се најде на трето место на листата на најгостопримливи земји во светот за туристи, заедно со Мароко, Австрија и Сенегал.
Министерството за финансии на Република Македонија денес исплати 455,3 милиони денари субвенции поддршка за сточарството.
Во организација на ЦеПроСАРД започнаа да се одржуваат пакет нови обуки на тема Ефективно организирање на состаноци, работилници, обуки и кампањи.
Веќе со сервис се обезбедени 10-тина автобуси, а со договорот е планирано да се обезбеди безжичен интернет од SunWireless во сите автобуси на ЈСП – Скопје.
Денес за ООП се добиваат сертификати, се користи како маркетинг алатка, важна е за добивање на бизниси, инвестиции, за подобрување на конкурентноста, особено за компаниите кои сакаат да излезат надвор од македонскиот пазар.
Во хотелот Холидеј Ин во Скопје, во организација на Стопанската Комора на Македонија, денес ќе се одржи конференција за транспортната инфраструктура, на тема Конективна Европа-одговор од ЦЕФТА регионот.
Овој проектот чини 700.000 евра и ќе трае се до јануари 2014, а е финансиран во рамките од Инструментот за претпристапната помош (ИПА 2009) на Европската унија.
Скопскиот аеродромот Александар Велики ја доби наградата за најдобар аеродром во Европа во категоријата до два милиони патници годишно.