Новости

Независното европско здружение за испитување на возила Euro NCAP ги прогласи Fiat 500L и Ford B-Max за најбезбедни возила во класата на мали повеќенаменски возила за 2012 година.
Oд 24 до 27 овој месец во Истанбул, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, беа претставени туристичките потенцијали и можности со кои располага Македонија.
Меркатор се соочува со се посилна конкуренција, пад на приходите, висок степен на задолженост и превисоки трошоци, па работењето треба да се поправи за да порасне вредноста на компанијата.
Турција планира да изгради брза железничка линија меѓу регионот на Црното море и југоистокот на Турција, објави министерот за животна средина и просторно уредување Ердоган Бајрактар.
Дирекцијата за заштита на личните податоци денеска го одбележува Европскиот ден за заштита на податоците под мотото Час по приватност.
Хрватската влада подготвува стратегија на индустриска политика 2014 – 2020, која летово ќе влезе во процедура. Во рамките на процедурата засега се дефинирани приоритетните сектори кои треба да станат иновативни и конкурентни.
Со оваа инвестиција вредна 100 милиони евра, се решава проблемот за водоснабдување на шест општини во источниот дел од земјава меѓу кои Штип, Свети Николе, Лозово, Карбинци, Кратово и Пробиштип.
Граѓаните во интернет анкетата, која беше објавена на веб страната на Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет, го избраа кириличниот домен мкд, со кој Македонија ќе се претставува во меѓународниот интернет простор.
Станува збор за брод што наликува на мал крузер кој нема спални кабини, ниту сопствена кујна, туку конгресен простор, а освен што би пловел од Пула до Дубровник, би можел да се користи и во венециското и црногорското приморје.
Најмногу поплаки за квалитетот на услугите од операторите добива Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Kонзорциумот што ќе стопанисува и менаџира со слободната економска зона во Тетово e НОРМАК Инвестмент груп.
WWF и H&M ќе работат во соработка со политичари, невладини организации, институции и други компании за да го поддржат подоброто управување со одделни речни сливови во Кина и Бангладеш, кои се клучни производни јазли на компанијата.
Попладнево на плоштадот Македонија во Скопје ќе биде означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза.
Милијардерот и сопственик на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукерберг реши да влезе во политичките води.
Македонската мрежа на ментори (МММ) од Скопје ќе им овозможи на апсолвенти и постдипломци да учат од ментори и да стекнат конкретни, професионални знаења и вештини во различни области.
Данските компании Tredje Natur и PK3 заеднички составија предлог дизајн Blue Plan, кој предвидува конструкција на пет вештачки острови на доковите на градот. Петте зони ќе бидат наменети за рекреација и едукација и ќе бидат еколошки.
Новите идеи, позитивни примери и херои се од витално значење во време на криза. Низ успесите и неуспесите, она што ќе ве води до целта е страста, вели Џеф Хофман.
Република Македонија имаше можност за прв пат да го претстави својот туристички потенцијал на саемот за туризам во Варшава, Полска, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ).
Романската влада дополнително ќе ги оданочува со 60% компаниите кои експлоатираат и продаваат природен гас во Романија, вклучувајќи ги и полињата во Црното Море, соопшти агенцијата Медиафакс.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе се обрати на отворањето на работилница за енергетска ефикасност во јавни згради - градинки и училишта.
Субрата Рој, индискиот бизнисмен кој од вчера престојува во државава, денес во Охрид изјави дека туристичкиот комплекс кој е предвидено да никне на крајбрежјето на Охридско Езеро ќе биде меѓу најдобрите десет во светот.
За вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини, во локалитетот Алшар кај Кавадарци, назначена е македонска компанија.
Јапонскиот произведувач на автомобили Toyota и германски BMW ќе започнат соработка на истражување на напредна генерација литиумски – воздушни акумулатори за еколошки возила.
Првиот дел од проектот за целосна реконструкција на дистрибутивната мрежа за електрична енергија во Шуто Оризари е реализиран, стои во соопштението на ЕВН Македонија.