Новости

Истражувањето спроведено од агенцијата Рејтинг во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупција покажало дека вработените во приватниот сектор во Македонија најчесто се жалат на корупција во областа на градежништвото и во трговијата.
Министерството за финансии денес исплати 254.430.205 денари за субвенции за повеќе земјоделски гранки.
Директорот и заменик директорот на Ватиканската банка поднесоа оставки затоа што еден од свештениците близок до банката е уапсен и обвинет дека имал намера илегално да пренесе 20 милиони евра од Швајцарија во Италија.
Приближно седум милиони денари од Буџетот на Република Македонија, до крајот на годинава ќе бидат искористени за имплементирање на седум регионални проекти, од страна на Центарот за развој на Југозападниот плански регион.
За разлика од другите социјални мрежи чиј фокус е онлајн комуникација со пријатели, Yoomloo мрежата ги поврзува потрошувачите и нивните омилени брендови.
Отсега патниците кои ќе патуваат со транспортната компанија Галеб од Охрид ќе можат да уживаат во возењето сурфајќи на интернет.
Турската компанија Глобал Портс од Истанбул понуди 7,1 милиони евра за мнозинскиот пакет акции на Контејнерски терминал на пристаништето Бар.
Во наредните денови во Македонија треба да стартува новиот виртуелен оператор Албафоне чија примарна таргет група ќе бидат граѓаните Албанци во Република Македонија.
T-Home од денес стартува со одлична промотивна понуда на своите 3 Max пакети. Понудата се однесува за сите кои сакаат да станат корисник на 3 Max пакет и е со важност до 16 август.
Во летниот клуб Хавана, втора година по ред, се одржа еко фестивалот Sound of green во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување Пакомак. Влезниците за фестивалот не се продаваа, туку секој можеше да добие билет во замена за три празни пластични шишиња од која било големина.
Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното се зголемуваат за половина денар.
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ од денес воведува промотивна понуда, најниска цена за роаминг повици од само 9,9 денари/минута кон сите мобилни и фиксни броеви на ОНЕ и ЏаБест и само 5,9 денари/минута за SMS пораки кон која и да мрежа во Македонија и во странство.
Во првите пет месеци од оваа година, Србија во размена со земјите од ЦЕФТА остварила суфицит од 588,3 милиони долари, што е резултат главно на извоз на земјоделски производи, хартија и картон.
Почнувајќи од денес тарифните потрошувачи ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 4,48%, односнo по средна вредност од 4,731 денар за киловат час.
Губењето на досегашните пазари на земјите од ЦЕФТА е најголем удар што треба да се ублажи и надомести. Од друга страна, присутен е стравот поради тешкотиите во пронаоѓање на своето место на пазарот на ЕУ.
Викендов на подрачјето на општините Делчево, Пехчево и Берово започна бербата на вишните. По бербата тие се транспортираат и се складираат во коморите на Ладилникот на Комбинатот Рудине.
Се очекува да поскапат автомобилите и бензинот, комуналните услуги, градинките, домовите за стари лица, струјата, гасот, телефонските разговори и некои услуги на банките.
Голем број на стари хотели, одморалишта, оранжерии, делови од комбинати, производни површини, фабрики, хали, сали, магацини, деловни згради ќе бидат повторно ставени во употреба како погодни за реализација на brown field инвестиции.
Компанијата Ford објави дека е произведен седум милионитиот Transit, популарно комерцијално комбе кое за прв пат беше лансирано во 1965 година во Европа, а сега е проширено на 118 пазари.
Проектот кој се реализираше од страна на Фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком, е-Бонтон, излезе од печат.
Плива во Савски Мароф гради нов погон за производство на активни фармацевтски супстанции, а значителен дел од инвестицијата се однесува на зачувување и заштита на околината, односно градење на сопствени капацитети за обработка на отпадни води и на процесни гасови.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2013 година, во однос на април 2012 година, изнесува 101.2, објави денес Државниот завод за статистика.
Подравка во овој период таргетира повеќе мети за преземање во прехранбената и фармацевтската индустрија на различни пазари, изјави претседателот на Управата на оваа компанија, Звонимир Мршиќ во интервју за загрепски Лидер.
Македонскиот министер за земјоделство, Љупчо Димовски и турскиот министерот за храна, земјоделство и сточарство, Мехди Екер вчера во Анкара потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете држави во областа на земјоделството.