Новости

Меѓународните доверители од Грција ќе побараат да спроведе уште 150 нови реформи во економија која е на работ на пропаст, пишува германскиот неделник Der Spiegel.
Меѓународната агенција за кредитен рејтинг Standard & Poor's (S&P) го намали рејтингот на најголемата француска банка BNP Paribas и на уште две помали банки, додека негативна прогноза добија 10 други банки, меѓу кои и Societe Generale.
Извршниот директор на нафтената компанија ExxonMobil во Велика Британија, Николас Мокфорд (60) е убиен во Брисел, објави The Independent.
Најголемата светска интернет продавница Amazon.com го заврши третото тримесечје со загуба од 274 милиони долари. Слабите резултати се последица на тоа што компанијата зголемената продажба ја нивелираше со политиката на големи расходи со цел да се стимулира растот на компанијата во долгорочна перспектива.
Владата на Црна Гора одлучи да го намали бројот на работни дозволи за странци од 25.000 на 16.500 за да отвори простор за домашната работна сила.
Во рамките на фармацевтската компанија Плива во Загреб се отвора Центар за финансиски активности која ќе пружа услуги за израелската Тева група во Европа.
Економиите на земјите од Југоисточна Европа годинава ќе остварат значително помал раст од предвидениот поради влијанијата од влошената состојба во еврозоната, објави Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Новата проекција за растот на македонската економија за оваа година според ЕБОР е 0,3%, а за следната 2%, што е највисок прогнозиран во регионот на ЈИЕ, освен Турција која ќе има раст од 3,7%.
Европската комисија ја извести Романија дека ќе и бидат блокирани 10,4 милијарди евра од европските фондови за развој, а причина за тоа е загриженоста за корупција и измама.
Најголемиот светски произведувач на спортска облека Nike ја продаде марката Umbro на Iconix Brand Group за 225 милиони долари, со цел да се фокусира на другите брендови и да ја зголеми продажбата. Ова е половина од цената што Nike ја даде пред четири години кога го купи Umbro
Продолжува падот кај кредитирањето на компаниите во еврозоната, покажуваат најновите податоци на Европската централна банка (ЕЦБ) за кредитна активност, сугерирајќи понатамошно продлабочување на рецесијата.
Витаминка го прошири својот пазар кон Обединетите Арапски Емирати, извезувајќи ги корнфлексите “Дардо” и “Чока Мока” и на арапскиот пазар.
Интел Капитал (Intel Capital), водечка организација на Интел за инвестирање, спојување и аквизиција, денес објави дека предводи инвестиција вредна четири милиони долари во Ерудитор, со седиште во Москва, снабдувач на онлајн пазари за хонорарни работници и фирми.
Европската комисија предложи воспоставување фонд за помош на сиромашните во Европската унија кој до 2020 година би располагал со 2,5 милијарди евра. Фондот би им овозможил помош во храна на најсиромашните, како и облека и основни производи за бездомниците и сиромашните деца.
Инвестирањето во енергетска обнова на зградите, изградба на современи нискоенергетски згради и примена на новите технологии би можеле да поттикнат значајни инвестиции во градежниот сектор кои се неопходни за негово опоравување, сметаат од Хрватска занаетчиска комора (ХОК).
Словенечката Томос индустрија од Копер, компанија позната по изработка на мотори, отиде во ликвидација. Околу 60 вработени ќе бидат прераспределени на други позиции во рамките на фирмата Хидриа, во која беше вклучен Томос.
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на Португалија и одобри нова транша од 1,5 милијарди евра во рамките на програмата за помош, откако официјален Лисабон успешно ја мина петтата ревизија.
Соочен со економската криза на која не и се гледа крајот, Брисел ќе одобри наплаќање на трансакции на валути, обврзници и акции во банките и финансиските институции.
Емил Тедески, претседател на управата на хрватската Атлантик група, најави дека оваа компанија во 2013 година планира нови инвестиции во Србија од околу пет милиони евра, кои ќе се однесуваат на модернизација на постоечките капацитети, но постои и можност за преземање на нови компании во Србија.
Американскиот хемиски гигант Dow Chemical најави дека ќе отпушта 2.400 работници во погоните ширум светот и ќе затвори 20 фабрики за да ги намали трошоците на работењето во услови кога светската економија забавува.
Во третиот квартал од оваа година, цените на становите во Бугарија се намалени за просечно 2,2% во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците објавени од Националниот институт за статистика (НСИ).
Сиромаштијата минатата година била проблем за секој петти Германец, соопшти германскиот завод за статистика. Податоците покажуваат дека жените се повеќе погодени со сиромаштијата отколку мажите.
Долгот на словенечкиот ланец за техника Меркур во износ од 85 милиони евра е конвертиран во акции. Конверзијата, за која преговорите траеја четири месеци и која на крајот беше за пет милиони евра пониска од планираната, ја извршија банките НЛБ, Абанка, Нова кредитна банка Марибор, Горењска банка, Хипо банка, Банка Копер, Фактор банка, Банка Цеље, ДБС, Поштна банка и компанијата Искрател.
Катарскиот емир шеик Хамад бен Калифа ал-Тани ќе инвестира 400 милиони евра наместо планираните 254, во обнова на Појасот Газа, изјави вчера шефот на Хамас, Исмаил Ханија.
Во соработка со Македонската амбасада во Кралството Холандија, Винарија Стоби претстави свои 13 сорти на вино на Саемот Персвејн во Хаг, меѓу кои и Вранец веритас што беше дел од специјалната дегустација за Мастерклас.