Новости

Швајцарците на референдум одлучија да ги ограничат платите и отпремнините на менаџерите во компаниите кои котираат на берзата.
Премиерот Никола Груевски изјави дека долгот кон стопанството по основ на поврат на ДДВ и за извршените услуги кон државните институции е целосно вратен.
Жирито на официјалниот избор на автомобил на годината во Р. Македонија го прогласи Mitsubishi Outlander за SUV на 2013 година.
По последните информации од Република Србија поврзани со најавата за зголемување на максимално дозволеното ниво на афлатоксинот М1 во млекото од 0,05 на 0,5 микрограми на килограм, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија одлучи кај нас да остане максимално дозволеното ниво од 0,05 микрограми на килограм.
Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида, денеска во Торонто ќе учествува на форумот за деловна соработка и зголемување на инвестициите, каде ќе ги презентира потенцијалите за инвестирање во Република Македонија.
Добивката на Триглав Група пред оданочувањето во 2012 година, според прелиминарните проценки изнесува 89,7 милиони евра, а чистата добивка 73,2 милиони евра.
Според финансиските извештаи кои беа објавени на Македонска берза, Жито Лукс забележа загуба во своето работење за 2012 година.
Land Rover следната недела на Женева Мотор Шоу 2013 ќе ја прикаже својата иновација, првиот девет-брзински автоматски менувач во светот.
Нафтена индустрија Србија (НИС) најави дека од денеска презема 28 бензински станици на OMV во Босна и Херцеговина, откако надлежната институција за заштита на конкуренцијата го одобри договорот меѓу НИС и OMV БХ.
Вартекс од Вараждин повеќе не е ексклузивен дистрибутер на Levi’s производите на компанијата Levi Strauss Европа за Хрватска и земјите од регионот.
Од денес парното ќе поефтини, и тоа 14,24% за оние граѓани во Скопје што се греат преку Балкан енерџи груп и за 13,45% за оние што со греење се снабдуваат од топланата Скопје север.
Vip вчера објави дека во 2012 година ги забележал најдобрите резултати до сега. Имено, мобилниот оператор ги зголемил приходите за 13%, а корисничката база на 632.000 корисници, со што достигнал пазарен удел од 27,3%.
Прилепската пиварница инвестираше 7,5 милиони евра во нова линија за полнење пиво и газирани пијалаци во стаклена амбалажа, што претставува најголема инвестиција на оваа компанија во една година.
Невладините организации ја обвинуваат компанијата за непочитување на етичките норми, особено во поглед на вработување на деца помлади од 16 години, како и кршење на прописите за безбедност при работа во фабриките на кинеските снабдувачи.
Виена Иншуренс Груп доби дозвола да ги откупи сите акции од Друштвото за осигурување и реосигурување КЈУБИ Македонија.
Министерот за економија Ваљон Сарачини и евроамбасадорот Аиво Орав денес ќе се обратат на завршниот настан организиран од тимот за Поддршка на мали бизниси при Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Словенечкиот произведувач на апарати за домаќинството Горење објави дека на приватниот инвестициски фонд CoBe Capital им ги продал своите фирми Горење кујни и Горење внатрешна опрема и на тој начин излегува од сегментот за производство на мебел.
Бугарскиот парламент го затвори случајот нуклеарна централа Белене. По четиричасовна жестока дебата, пратениците изгласаа стоп за проектот Белене.
Во организација на тимот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Република Македонија успешно ги претстави туристичките потенцијали и можности и на саемот за туризам во Белград.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2012 година изнесувала 31.466 денари и била за 0,4% поголема во споредба со декември 2011 година. Износот, пак на нето платата бил 21.469 денари.
Според адвокатите на потрошувачите, Anheuser-Busch кај неколку видови на пива, вклучувајќи го и Budweiser, навел поинаква содржина на алкохол од онаа што всушност ја содржи. Тужбата не се заснова на никакви тестови или испитувања, туку на изјави на поранешни вработени.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски се сретна со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Мирко Шаровиќ.
Пребарувачот Mozilla објави дека ќе претстави мобилни телефони кои работат на оперативен систем Firefox. Firefox OS со конкуренцијата ќе се натпреварува под маркетиншко лого “Пуштете ја лисицата”.
Kако одговор на засилената активност на Македонија и партнерите од регионот, канадската влада се реши финансиски да го помогне економскиот форум, со што македонските економски и бизнис потенцијали влегуваат во фокусот на канадските инвеститори.