Првиот автомобил што ќе се движи на енергијата на ветерот успешно ги помина првите километри.
Две одговорни лица од модната куќа Prada се под истрага од италијанските власти поради сомнение дека затајувале данок.
Трговците увезуваат маици, панталони, здолништа за две до три евра по килограм, ги носат на хемиско чистење и ги продаваат како нови.
Под мотото „Поентата е во изборот“, успешната приказна на интернационалниот ланец Спорт Вижн продолжува во Македонија.
Во своите обраќања на приемот, говорниците се осврнаа кон важната улога што ја имаат небанкарските финансиски институции во економијата денес и кон успехот што го имаат постигнато со повеќе од 20.000 микро-кредити издадени досега.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган не е импресиониран од најновите модели на Apple, iPhone 6 и 6 Plus, за кои изјави дека не се многу поразлични од постарите модели.
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево. Дневните температури ќе се движат од 15 до 27 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со максимална температура до 25-от степен.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Џонсон Мети на 62-то место е единствената фирма од Македонија рангирана меѓу првите 100 најголеми компании во Југоисточна Европа во 2013 година во истражувањето TOP 100 SEE.
Мерката нема да се однесува на производителите на минерална вода, туку само на оние што произведуваат газирани сокови.
Третата годишна регионална средба на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади за Европа и Централна Азија.
Дали некогаш сте си го поставиле прашањето како правилно на јапонски се изговараат Nissan, Subaru, Mitsubishi, Suzuki…?
Пет пати пониски цени на услугите во роаминг за разговори, СМС и интернет меѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.
Новиот центар за домување на возрасни лица кој во текот на месец октомври ќе биде отворен во општина Сопиште - Резиденција Дабески, на своите станари ќе им нуди целосна грижа, програма за социјални активности и нега од доктори и експерти.
Повеќе инвестиции и извоз, подобро стручно оспособување и структурни реформи во образовните системи, како и зголемување на правната сигурност и владеењето на правото.
Компанијата Микросам АД е добитник на статуетка за 2013 година во категоријата односи на пазарот за проектот “Задоволството на купувачот е најголемо признание за успехот на компанијата“.
Европската комисија донесе дополнителна заштита за потрошувачите, посебно за доенчињата и малите деца, усвојувајќи две мерки со кои се ограничува употребата на некои конзерванси во козметичките производи.
Пожар избувна во холот на Трговскиот центар во Штип. Опожарени се тезгите на кои се продаваше најразлична стока.
Научниците од Универзитетот Масачусетс (МИТ) пронајдоа начин за “зелено“ производство на цемент што емитува двојно помала емисија на штетни гасови од стандардниот бетон.
Договор за учество на Македонија во Програмата на ЕУ за конкурентност на мали и средни претпријатија (КОСМЕ) 2014 – 2020.
Компанијата го отвори својот 37 маркет со цел на граѓаните на Кичево да им ги овозможи сите погодности и бенефиции потребни на современиот македонски потрошувач.
Турската организација на извозници очекува новото лого да стане заеднички идентитет за турските стоки и со тоа да ја зајакне перцепцијата на турската стока во странство.
Како дел од глобалните ДХЛ иницијативи Помагање во едукација и Да се помогне, во саботата, компанијата ДХЛ Експрес Македонија заедно со атлетите на Специјалната Олимпијада Македонија го одбележаа Глобалниот Волонтерски Ден.
Германската компанија Tönnies, најголемиот европски произведувач и извозник на месо, е заинтересирана за започнување со производство во Србија и за зголемување на сточниот фонд во оваа земја.