Оваа година ги затвори сите трговски објекти во Бургас, Варна и Софија. Фирмата имала обврски кон банките, добавувачите и наемодавците.
Мелничарите бараат да се преиспита одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно и таа да остане на сила како што беше првично предвидено до 31 декември.
Јапонија ќе вложи 473 милиони долари за изградба на леден ѕид околу нуклеарката Фукушима за да се сопре истекувањето на радиоактивна вода од разрушената електрана.
Компанијата Здравје Радово, во соработка со Црвениот крст од Скопје, иницираа хуманитарна акција во која вработените, заедно со своите семејства, ќе донираат облека, обувки, постелнини, млечни производи од широкиот асортиман на Здравје Радово, книги, покуќнина, детски играчки и се што може да им помогне на најсиромашните семејства кои живеат во тешки услови.
Сите невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис или да го решат своето вработување и правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис ќе можат да аплицираат за поволни кредити со поедноставени услови.
Единствениот откупувач на маслодајни семиња во Македонија Благој Ѓорев ќе понуди поголема цена за еден тон сончоглед во однос на најниската берзанска цена која се нуди на светските пазари годинава.
Македонската маркетинг-агенција Њу момент - њу идеас компани освои гран-при за спотот „10 метри одвоени“ на фестивалот Пиран идеја што се одржа викендов во истомениот град во Словенија.
Мобилниот оператор Вип по повод својот шести роденден, претставува нова, специјална роденденска тарифа за сите нови и постоечки Вип постпејд корисници.
Во компанијата работат околу 30.000 работници ширум светот, а 8.500 до 9.000 од тие што ќе добијат бонуси работат во Кина, додека останатите се во САД, Јапонија и други земји.
Средствата за финансирање на истражувачките програми во ЕУ најмногу ги користат Швајцарија, Холандија и нордиските земји, пишува МИА.
Иако се очекуваше дека хотелите, рестораните и кафулињата ќе ги подигнат цените во текот на Евробаскетот, според најавите на словенечките медиуми, некои од нив дури се подготвени да ги намалат цените на пијалоците за да привлечат што повеќе навивачи.
Од 10 до 12 октомври пред платото на Универзална сала – Скопје ќе се одржи второто издание на фестивалот за креативни индустрии Скопје креатива 2013.
Земјите членки на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република), на маргините на самитот Г20 ќе ја разгледаат можноста за создавање заеднички девизни резерви со цел регулација на пазарот на девизи.
Преку соопштение испратено до медиумите компанијата, ЛУКОИЛ Македонија ДООЕЛ Скопје, информираше дека е отстранет техничкиот проблем на бензинската станица Охрид 1.
Microsoft објави дека го купува одделот на Nokia за паметни уреди и услуги за кој ќе плати скоро пет милијарди долари и уште 2,2 милијарди долари за правата за патентите на Nokia.
Според податоците на Државниот завод за статистика во Македонија во второто тримесечје годинава имало речиси 5.000 слободни работни места, од кои најголемиот дел во скопскиот регион, 1.617.
Вкупната инвестиција во 30-те мали хидроцентрали од кои 16 веќе работат, а 14 треба да бидат пуштени во употреба до крајот на годинава, изнесува четириесет милиони евра.
Властите најавија дека на компаниите кои го прекршуваат законот за животна средина ќе им биде забрането да добиваат банкарски заеми и да собираат средства преку иницијални јавни понуди.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во август 2013 година забележан е пораст на индексот на трошоците на живот од 0,3%, во споредба со претходниот месец.
Компанијата Бритиш Телеком го укинува пристапот до интернет преку dial-up врска, а овој потег го објаснува со тоа што повеќето корисници во Британија имаат пристап до широкопојасен интернет.
Општина Штип започна со подготвките за годинашното издание на манифестацијата Пастрмалијада 2013.
Почеста комуникација меѓу бизнис-заедниците и поедноставување на царинските постапки во делот на фито-санитарната политика, ќе бидат главните заложби на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи Мирко Шаровиќ, со цел да се зајакне економската соработка помеѓу двете земји.
До 15 септември, секој нов сопственик на Форд Фиеста ќе патува во Келн, каде директно во фабриката на Форд ќе присуствува на процесот на создавање на неговиот автомобил.
Менаџментот на емиратски Етихад, стратешкиот партнер на Јат, вчера не го презеде управувањето со новата српска авиокомпанија. Тоа ќе го направи откако ќе бидат исполнети сите регулаторни услови и обврски.










