Литар Кристал наместо 78 денари, сега ќе чини 68, откако цената на зејтинот поевтини за 13% како резултат на падот на маслата за јадење на светските берзи.
Германското министерство за труд им забрани на менаџерите да им се јавуваат или да им праќаат електронска пошта на вработените по завршувањето на работното време, освен во итни случаи, за персоналот да се заштити од “прегорување”.
Главното Собрание на хрватскиот трговски ланец Конзум, дел од концернот Агрокор, одлучи да ги повлече акциите од Загрепската берза.
Македонија денес ја укинува спорната одредба за ограничување на увозот на пченица, а според српските власти најважно е што проблемот е решен по институционален пат, со помош на ЦЕФТА.
Во арборетумот Трстено крај Дубровник вчера започна снимањето на четвртата сезона на популарната серија Game of Thrones. По завршувањето на снимањето на оваа локација, сетовите ќе се преместат во Дубровник, Сплит и уште неколку места, а снимањето во Хрватска ќе трае 37 дена.
Американскиот интернет гигант Yahoo и официјално потврди дека ќе ја затвори филијалата во Швајцарија и активностите ќе ги пресели ви канцелариите во Лондон и Даблин.
Бројката на регистрирани Фејсбук профили на македонски граѓани изнесува 963.000, а само во последната година таа е зголемена за 90.000, покажуваат податоците на Интернет Ворлдстат.
Бројот на работници во индустријата во јули е зголемен за 0,7% во споредба со истиот период минатата година, објави денес Државниот завод за статистика.
Почнувајќи од денеска, НБРМ во рамки на монетарната статистика ќе започне со редовно објавување на податоците за останатите финансиски институции (осигурителните друштва, пензиските и инвестициските фондови, друштвата за управување со пензиските фондови и друштвата за управување со инвестициските фондови).
Одборот за пазарна конкуренција на Турција одлучи да почне истрага во националниот авиопревозник Turkish Airlines, по жалбата поднесена од страна на ривалскиот Pegasus.
Јавниот долг заклучно со 31 јули годинава бележи намалување и според објавените податоци на Министерството за финансии изнесува 33,6% БДП.
Одлуката за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица и брашно од македонска страна, беше топло поздравена од српската Влада.
Глобалниот произведувач на цигари Philip Morris објави вчера дека ќе основа европски дистрибутивен центар во Грција, како дел од плановите за ширење на активностите во оваа земја.
Erste Card на досегашните словенечки членови им понуди нови Diners картички, кои ќе можат да ги користат на сите продажни места во светот.
Приближно два милиона килограми десертно и четири милиони килограми винско грозје засега се извезени преку царинската испостава во Кавадарци, соопшти претседателот на регионалниот Сојуз на лозари Агротиквешија Љупчо Аризанов.
Компанијата Албафоне го пролонгира стартот со работа до завршување на почнатите интерконекциски преговори.
Проектот Форум со работодавачите започна со реализација во општина Илинден, која е воедно и прва општина во државава каде се реализаира овој проект.
По тригодишна процедура на анализи и проценки, Алкалоид доби одобрување за пласман на два свои лека на пазарите на земјите членки на Европската Унија.
ЕВН Македонија откри уште 10 нови случаи на неовластено користење електрична енергија. Новооткриените корисници добија пресметки и кривични пријави за неовластено користење на струја откако беа комплетирани нивните досиеја.
Златен даб е првото македонско пиво што ќе учествува на Карловачките денови на пиво.
Хрватскиот Фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност на домаќинствата што имаат гнездо со штркови на покривот ќе им плати 700 куни (93 евра), како дел од проектот на Министерството за животна средина за зачувување и заштита на белите штркови.
Австриската банка Хипо Алпе Адриа објави дека во првите шест месеци од оваа година работела со нето загуба од 859,8 милиони евра, поради што ќе им биде потребна нова инјекција од државниот буџет.
Заедничките проекти на Министерството за информатичко општество и администрација и на Македонската академска мрежа МАРнет планирано е да овозможат демонополизација на македонскиот пазар на домени, нивно побрзо издавање со одвивање на сите процедури по електронски пат, како и пад на цените на интернетот.
Плановите на Турција да ги приватизира патарините и мостовите преку јавна понуда ќе бидат завршени во првиот квартал на 2014 година, ако сите бирократски процеси се одвиваат како што е планирано.