Тема на работилницата што денес ќе се одржи во Скопје, во организација на Аналитика и АКСЕР ќе биде Миграции и дознаки од странство во Западен Балкан.
Во Белград денеска ќе биде отворена првата продавница на шведската модна куќа H&M, во трговскиот центар Делта Сити.
Премиерот Никола Груевски при посетата на Прилеп изјави дека Владата бара стратешки партнер за решавање на проблемот и со Еурокомпозит.
Продажниот центар, на 38.000 метри квадратни ќе нуди преку 9.000 производи за уредување на домот, а во ресторанот со преку 600 места за седење ќе се нудат шведски и локални хрватски јадења.
Oд 2 септември, привремената мерка за условен увоз на пченица од странство ќе биде укината.
Според најновите податоци на Народната Банка на Република Македонија, во јули годинава преку платежните картички бил направен обрт од 188 милиони евра
Францускиот врховен административен суд ја укина спорната одлука на владата за забрана на продажбата на последните модели на Мерцедес поради закани за животната средина.
Оние граѓаните кои имаат нелегализирано земјиште под нивните легализирани куќи да можат да го откупат по едно евро за метар квадратен без притоа да е донесен ДУП-от за местото во кое живеат.
Француската банка Societe Generale планира да го финализира планот за намалување на 700 работни места во седиштето во Париз со тоа што ќе поттикне 420 работници доброволно да си заминат.
Околу 614.000 корисници на Facebook чии лични податоци се појавиле во спонзорирани текстови на овој сајт без нивна дозвола, ќе добијат отштета од по 15 долари во рамките на судско порамнување кое ќе ја чини компанијата 20 милиони долари.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека рокот за поднесување барања за субвенции што требаше да заврши на 30-ти овој месец, се пролонгира до 31 октомври.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во јули 2013 година, во однос на јули 2012 година, бележи пораст од 3,9%.
Грчката влада го финализираше контроверзниот план за преместување на државните службеници, што беше еден од условите земјата да добие нови средства од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
Македонската железница по цели 35 години ќе добие четири нови патнички гарнитури со дизел погон и две нови гарнитури со електричен погон.
Внатрешниот долг на Бугарија продолжува да расте и на крајот на првото полугодие достигна 37,5 милијарди евра, покажува последната статистика на Централната банка. Во оваа бројка влегуваат внатрешните обврски, како на државата, така и на бугарските фирми и банки.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2013 година, во однос на јуни 2012 година, изнесува 102.2.
Според оценката на агроекспертите од битолскиот дел на Пелагонија високите дневни температури го намалија квалитетот на земјоделските култури од годинешната реколта чија берба е во полн ек.
До крајот на годинава Агенцијата за катастар на недвижности ќе воспостави современа гравиметриска мрежа на територијата на целата држава.
За две до три недели свечено ќе биде отворен Музејот на автобуси, кој што неодамна го најави директорот на ЈСП Мишо Николов.
Не станува збор уметничко дело ниту рекламна кампања, туку обид да се намали емисијата на јаглерод диоксид во урбаните подрачја.
Во организација на Царинската управа на Република Македонија и АМЕРИТ, СИЗ Македонија сообраќај, денес во Скопје ќе се одржи работилница на тема Поедноставени царински постапки, е-царина и ТИР-ЕПД.
Електростопанството на Босна и Херцеговина (ЕП БиХ) најави дека во четврток ќе ја исклучи струјата на сараевскиот водовод (ВиК) и на јавното градско сообраќајно претпријатие (ГРАС), затоа што веќе со години не ги плаќаат сметките за струја.
Министерот за економија Ваљон Сарачини денес ќе се обрати на церемонијата организирана од Министерството за економија по повод 28-ми август Ден на рударите.
Според италијанскиот весник Sole 24 ore, преговорите се веќе во тек. Двете компании се уште не се огласиле по повод оваа вест, но весникот наведува дека нивни високи претставници веќе имале неколку состаноци.










