Раководството на српскиот произведувач на мебел Симпо го прифати предлогот на министерот за финансии Млаѓан Динкиќ даночниот долг да се претвори во акции на државата.
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ ќе поскапат за денар
Старите железнички пруги кои не се користени најмалку десет години, ќе станат велосипедски патеки. Италијанскиот регион Пиемонте одлучи да започне иновативен и единствен туристички проект, прв од таков вид во Италија.
Десет произведувачи на сушени производи, кои во изминатите четири месеци следеа обука во специјализирана работилница за сушење овошје, зеленчук и билки, денес во средното училиште Марија Кири-Склодовска, добија сертификати за успешната обука.
Специјалната категорија ќе ги идентификува оние објекти кои нудат еколошки, биолошки произведени или природни производи.
Претставници на индиската компанија Сахара груп утре доаѓаат повторно во Македонија за да започнат со реорганизација на агрокомбинатот Џумајлија.
Во Хрватска наскоро би можел да се отвори првиот Burger King. Франшизата за овој популарен американски синџир за брза храна во Хрватска наводно го добила словенечка Спортина, пишува Пословни дневник.
Шведскиот производител на автомобили Saab се враќа во игра. Две години по банкротот и прекинот во производството, новиот сопственик и официјално најави почеток на производство на моделот saab 9-3.
Надзорниот одбор на словенечката осигурителна куќа Заваровалница Триглав ја поддржа намерата на Управата на Андреј Слапар за поднесување понуда за мнозински удел во хрватската Кроација Осигурување.
Според пишувањето на српските медиуми, владата само најавувала реципрочни мерки, но експертите напоменуваат дека е задоцнето со реакција и штетата е веќе направена.
Кај деловните субјекти од преработувачката индустрија минатиот месец забележана е понеповолна економската состојба во однос на јуни годинава, како и во однос на јули минатата година.
Министерството за внатрешни работи ќе вработи на неопределено време девет лица со завршено високо образование од областа на информатичките технологии и две лица со завршено средно училиште од областа на електротехниката, информатиката, електрониката или телекомуникациите.
На Грција ќе и бидат неопходни нови милијарди евра за помош, а во спасувањето на оваа земја за прв пат ќе учествуваат и хрватските даночни обврзници.
Во Трговскиот центар Скопје Сити Мол денес започнува хуманитарна акција под наслов Празна Продавница - Полно Срце. Покрај Сити Мол организатор на настанот е и Црвениот крст.
Дебарската подружница на ЈП Македонски шуми веќе извезува огревно дрво во Албанија, а во тек се и преговори за извоз и во Грција.
Во обид да се намали ризикот од налетување на птиците, во Норвешка започна експеримент во кој неколку турбини ќе се обојат со црна боја.
Поради високите температури и потребата од вода за земјоделските површини, како и по барање на земјоделците од регионот, сезоната за наводнување која требаше да трае до 15 септември ќе биде продолжена.
Под влијание на неповолното економско движење, банките во Хрватска минатата година, трета по ред, го намалуваат бројот на филијали, бројот на вработени, додека расте бројот на поставени банкомати, објави Хрватската народна банка.
Двата корејски производители на екрани Samsung и LG се многу близу до масовно произвдство на флекисбилни екрани, но сепак во ограничени количини.
На површина од 208 хектари, денес ќе биде отворена технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Штип.
Словенечкиот суд покрена истрага против Мирко Туш, основач и сопственик на трговскиот синџер Туш, осомничен дека со поткуп добил лиценца за мобилна телефонија од поранешниот директор на државната Агенција за пошта и електронски комуникации, Томаж Симонич.
Прехранбената компанија Нестле отвори нов погон во фабриката за замрзнати пици Вагнер во Нонвајлер, Германија. Во погонот се инвестирани 50 милиони евра и отворени се 50 нови работни места.
Бизнисмени од Турција се заинтересирани за откуп на кочански ориз, сметајќи дека сортите се квалитетни и дека одговараат на барањата на турскиот пазар.
Во јули, веднаш по влегувањето на Хрватска во Европската унија, од земјата си заминале 36 лекари, најмногу во Германија, Велика Британија и скандинавските земји.