Млечнаta компанија Здравје Радово соопшти дека во првите пет месеци од годинава произвеле над 1.500.000 производи од познатото Кисело Млеко, со што ги надминале резултатите остварени во истиот период од изминатите 11 години.
Ознаките на брендот McDonalds денес беа симнати од нивните објекти во Македонија, а носителот на франшизата, компанијата СЈ најави дека сите вработени ќе останат згрижени и дека проблемот со раскинувањето на договорот се очекува да биде надминат за три до четири месеци.
По одржаната седница, Комитетот за оперативна монетарна политика оцени дека ликвидноста во банкарскиот систем во Македонија и во текот на мај била на релативно високо и стабилно ниво, при што банките активно ги користеле расположливите монетарни инструменти.
Хрватска нема да може да го сведе буџетскиот дефицит во рамките на лимитот на Европската унија пред 2016 година, а ќе и треба повеќе време за да почне да го намалува јавниот долг, рече хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ во интервју за Ројтерс.
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen денес објави дека ќе повлече речиси 26.000 возила во Австралија, поради потенцијални проблеми со менувачот на брзини.
Сите нови корисници, но и оние кои ќе го обноват договорот за ONE TOTAL S+ тарифниот модел, за само 399 денари месечна претплата ќе добијат промотивна понуда, соопшти телекомуникацискиот оператор ОНЕ.
По пивото, водата и соковите, во лименки ќе се продава и вино. На ваква идеја дојде француската компанија Winestar, која на пазарот во Франција исфрли три видови вино.
За само три години, инвестициите во Бугарија паднале за 80%, соопшти претседателот на Бугарската стопанска комора, Божидар Данев.
Поради штедење привремено се укинуваат државната телевизија и радио, соопшти грчката влада, додавајќи дека на овој чекор се одлучила затоа што јавните медиуми имале проблем со транспарентноста и дека “претерувале во трошоците”.
Градежна компанија Цивкон, стручна за изведба на објекти од високогадбата, со своето двегодишно постоење сака да воведе таканаречени пасивни куќи во Македонија.
Во следните дваесет години, во нови енергетски капацитети во дистрибутивниот систем ќе се реализираат над една милијарда евра инвестиции. Ова се предвидува во Мастерпланот на ЕВН Македонија што беше презентиран денеска во Скопје.
Во Франција денеска се откажани преку 1.800 летови поради штрајкот на контролорите на летање, кои се спротивставуваат на плановите на Европската комисија за либерализација на цивилниот воздушен простор.
Шест банки во Хрватска се под истрага на Хрватска народна банка (ХНБ) за да им се докаже злоупотреба на положбата во наплата на трошоци за опомени.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денес најави дека кон крајот на следната недела ќе се потпише договорот за вклучување на Македонија во гасоводот Јужен тек.
Бразилскиот стадион Estádio Governador Magalhães Pinto доби нов фотонапонски покрив за Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2014 година.
На повикот за ангажирање лица на раководни позиции во државната управа што го објави Владата, аплицирале над две илјади кандидати
Според надлежните ХЕЦ Шпилје е пред реализација на годишниот производен план, благодарение на исклучително поволната хидрологија на дебарското сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, и максималната подготвеност на електромашинската опрема.
Пакистанскиот министер за ИТ и телекомуникации Ануша Раман Кан најави дека доколку не ги отстрани сите “бласфемични и навредливи содржини” од YouTube, ќе бидат блокирани сите страни на Google.
Руски Газпром, клучниот кандидат за купување на грчката компанија за гас ДЕПА се повлече во последната фаза. Малата руска енергетска компанија Синтез и два грчки кандидати исто така се откажаа од учеството на тендерот за купување на ДЕПА и ДЕСФА.
Во Македонската берза денес ќе биде означен првиот ден на тргување на берзата, со првите 30 новокотирани акционерски друштва кои ги исполнија условите за котација.
Словачки компании се заинтересирани за купување на српската фармацевтска компанија Југоремедија во стечај и за приватизација на Минел трансформатори.
На територијата Република Македонија во текот на 2012 година изградени се вкупно 1.403 бесправно регистрирани објекти, соопшти Државниот завод за статистика.
Законот за психичко, физичко и сексуално вознемирување или таканаречениот Закон за мобинг почнува да се применува од денеска. Според истражувањата на ССМ, на мобинг најчесто биле изложени вработени во текстилната индустрија, делови од здравството и јавната администрација.
Училишниот проект на ЕВН Македонија за оваа учебна година се заокружи со детскиот камп во Струга каде што основците од земјава учествуваа во квиз-натпреварите за енергетска ефикасност.










