Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Зоран Коњановски вчера одржа работна средба со земјоделците од охридските села Горно и Долно Лакочереј и Мешеишта.
Според НБРМ најновата проекција за растот на македонската економија годинава е 2,2%.
На дводневната конференција за развој на социјалното претпремништво, учесниците разговараа на теми како да се мотивира и забрза развојот на таквиот тип претприемништво во Македонија.
Од сега граѓаните ќе можат да поднесат приговор до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за услугите од операторите и по електронски пат на веб страницата www.komuniciraj.mk.
Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски информираше дека повеќе од 10.000 невработени лица, за еден месец, се пререгистрирале во Агенцијата за вработување, согласно новите законски одредби.
Купувањето на облека во продавниците е многу важно за брендот и затоа компанијата нема намера да лансира е-трговија во скоро време, изјави модниот претседател на CHANEL Бруно Павловски во интервју за агенцијата Bloomberg.
Француските власти ќе ја запрат продажбата на хормонските таблети Diane 35 за третман против акни, кои често се користат и како терапија за контрацепција, поради загриженост дека предизвикуваат згрутчување на крвта.
Конкурсот за овогодинешните стипендии кои ќе се доделат за обука и стажирање во Ѕteiermaerkische Sparkasse, во австрискиот град Грац за 2013/14 година, ќе биде објавен денес на Економски факултет Скопје во Амфитеатар 2, со почеток во 12 часот.
По DM, на второ место се наоѓа нафтената компанија Ина, а на трето место, со огромен скок за разлика од минатата година кога беше десетта, се наоѓа фармацевтската компанија Плива.
Поради проблеми со воздушните перничиња, од САД, Јапонија, Мексико и Канада се повлекуваат Corolla и Corolla Matrix модели произведени во периодот декември 2001 до мај 2004.
Словенија планира да воведе два нови даноци, на засладени безалкохолни пијалоци и на лотариски лозови, од кои се очекуваат дополнителни 31 милиони евра во државниот буџет.
Во ноември минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 20.857 денари и во однос на истиот месец лани таа е зголемена за 0,1%, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Францускиот магазин France Football предизвика бурни реакции со текстот објавен на 20 страници, во кој го обвинува Катар дека го купил Светското првенство во фудбал 2022 година.
Според податоците на државниот завод за статистика индустриското производство во декември минатата година, во однос на декември 2011, е намалено за 8%.
Иако е малку веројатно дека некој сам ќе се пријави дека земал поткуп, за што ќе добие пет години затвор и парична казна, во даночната управа тврдат дека рубриката е воведена држејќи се за Законот за данок на личен доход на претпријатијата.
Две игри на македонската компанија Sеavus си обезбедија место во десетте најдобри мобилни и on line игри, во категоријата за најдобри игри со коцки и во категоријата за најдобри казино игри, на светскиот натпревар за најдобри апликации за iOS платформата BestAppEver.
Со завршувањето на тенискиот турнир во Мелбурн изминатиов викенд, познатиот француски моден бренд Lacoste го продолжи својот договор со Tennis Australia на уште пет години соработка.
Бројот на кинески ресторани во Загреб е скоро преполовен, а ресторанот на Чен е еден од “преживеаните”. Според неговите зборови, од некогашни 17, сега работат само 10. А ни тие не работат добро. Причина за тоа е главно кризата
Грците регистрираат фантомски фирми во Бугарија, земаат бугарски пасоши и ставаат бугарски таблички на своите автомобили. Ова се “мерките” што ги преземаат за да ги избегнат високите даноци во својата земја, пишуваат бугарските медиуми повикувајќи се на репортажи од грчки телевизии.
Turkcell го смета Косово за стратешки пазар преку кој може да се шири во останатите околни балкански земји кои имаат блиски културни врски со Турција.
Вчера во населбата Илинден свечено беше отворена нова филијала на Halkbank, во присуство на главниот извршен директор на банката, Неџдет Палакчи и градоначалникот на општината Илинден, Жика Стојановски.
Денес на Попова Шапка телекомуникацискиот оператор Оne го најави стартот на вториот Инстаграм фото конкурс, во присуство на претставници на медиумите и десетина корисници на популарната мобилна апликација.
Според извештајот што го објави Global Web Index, Google+ во моментов се наоѓа на второто место на листата најпопуларни друштвени мрежи, според бројот на корисници.
Веќе се распишани тендери за продажба на 85,9% од издавачкото претпријатие Побједа, 62% на Контејнерскиот терминал на пристаништето Бар, Медицинскиот институт во Игало и Тутунскиот комбинат во Подгорица.











