Во оваа бројка се вклучени двојни профили, погрешно класифицирани и несакани профили, како и оние каде што корисниците намерно се идентификуваат под туѓо име.
Во организација на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при македонското Собрание, а во соработка со Занаетчиската комора на Република Македонија и Бизнис конфедерацијата на Македонија, денес ќе се одржи јавна расправа за Европската стратегија за економско јакнење на жените.
Fitch Ratings, меѓународната рејтинг агенција и годинава го потврди повеќегодишниот кредитен рејтинг на ПроКредит Банка Македонија со оценка ББ+.
На 930 лица ќе им биде дадена можност со државна помош да отпочнат сопствен бизнис. Ова е дел од Програмата за самовработување, за која Агенцијата за вработување денес објави оглас.
Бил Гејтс даде интервју во емисијата Colbert Report, на водителот Стивен Колберт, во кое призна дека никогаш не бил “кул” како Стив Џобс.
Пред зградата на Општина Аеродром, Управата за јавни приходи денес постави мобилни даночни шалтери.
Во анализата на агенцијата, која опфатила пакети што се наоѓаат во понудите на црногорските оператори, заклучено е дека во повеќето случаи, операторите во Црна Гора имаат најниски цени за СМС пораки.
Генералниот директор на италијанскиот произведувач на автомобили Фиат, Серџо Маркионе изјави дека неговата компанија и американски Крајслер ќе се обединат во 2014 година.
Тема на денешните разговори на делегацијата на Стопанската комора на Македонија со претставници на Стопанската комора на Азербејџан беа Можностите за настап на македонски компании на азербејџанскиот пазар.
Годинава министерството за економија ќе обезбеди дополнителни шест милиони денари за субвенции, за корисниците кои ќе вградат соларни колекторски системи во домаќинствата.
Новото државно претпријатие би било клучно тело за технички и стручен надзор над концесионерите за експлоатација на нафта и гас.
Американскиот издавач Time Inc. ќе отпушти околу 500 работници, што е скоро 6% од сите вработени и е најголем бран отпуштања од 2008 година досега.
Туристичките можности и капацитети на Република Македонија беа преставени на саемот за туризам во Брисел, Белгија, во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), каде многу белгиски тур-оператори покажаа интерес.
Во соработка со ХОТАМ и Стопанската комора на регионот Венето, Италија, Стопанската комора на Македонија денес организира билатерални бизнис средби на македонски и италијански компании.
Грчкиот фонд за приватизација објави дека по 15 години пауза склучи меѓународен договор за давање под концесија земјиште на островот Крф што е во сопственост на државата.
Почнувајќи од денес ЕВН Македонија ќе управува со седумте мали хидроцентрали кои од 2002 година беа под концесија на чешки Хидропол.
На престижниот меѓународен натпревар во Пекињон, Франција, што се одржа на 24 јануари годинава, виното Grenache Blanc на винарската визба Тиквеш од Кавадарци доби златен медал, додека виното Бела Вода се закити со два сребрени медалa.
Со финансиска поддршка од милион евра, преку низа програми за кои ќе можат да аплицираат невработени лица, Владата на Република Македонија ќе поддржи отворање на 2.000 работни места.
Во текот на минатата година руската енергетска компанија Газпром својот природен гас најскапо го продавала во Македонија, Полска, Босна и Херцеговина, Чешка и Бугарија, пишува московскиот весник Известија.
Со отворањето на бесплатната анонимна телефонска линија 0800-50030, граѓаните од денес ќе можат да пријават мито и корупција во рамките на Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија.
Агенцијата Moody’s и го намали кредитниот рејтинг на Хрватска на Ба1, а како причина за тоа ги наведува слабите шанси за економски раст и недостаток на фискална флексибилност на владата.
Градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ планира во најстрогиот центар на Белград да отвори хотел од висока категорија, пишува на интернет страната на Канцеларијата за соработка со дијаспората и Србите во регионот.
Германските власти за заштита на конкуренцијата ги казни Kraft, Nestle, Ritter, Strock... вкупно 11 произведувачи на чоколади со 60 милиони евра поради нелегално здружување и договарање на цените.
Србија во надворешно-трговската размена на земјоделско-прехранбени производи во 2012 година забележала суфицит од 1,24 милијарди долари, што е 3,5% помалку од претходната година, објави Стопанската комора на Србија (ПКС).