Освен категоријата топ менаџери, кои во просек имаат 107% повисока плата во однос на просекот, најплатени се работните места во телекомуникациите (+53%), а потоа во областа на технологијата и развојот (+45%).
Американската банкарска компанија Citigroup ќе затвори 21 од вкупно 37 филијали во Грција. Како причина за тоа ја наведува рецесијата што ја погоди оваа земја.
Првото кино Синеплекс во Македонија ќе биде вечерва отворено во Сити мол. Посетителите ќе можат да уживаат во двојната премиера на најновиот филм од серијалот со Џемс Бонд, Небесен пад (Skyfall) како и во 3Д авантурата, Животот на Пи (Life of Pi).
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) би требало до крајот на годината да ја деблокира новата транша помош за Босна и Херцеговина во рамките од планот за помош од 405,3 милиони евра одобрени за оваа земја во септември, објави седиштето на фондот во Вашингтон.
Турската компанија за телекомуникации Турк Телеком објави дека дала неофицијална понуда да ги купи бугарските мобилни компании Космо Бугарија Мобајл (Глобул) и Германос Телеком Бугарија.
Националната агенција за европски образовни програми и мобилност денес го организира првиот инфо – ден.
Во индустриската зона Мали Бајмок, до следната пролет ќе биде завршен погонот на италијанската текстилна индустрија Calzedonia. Веднаш потоа ќе започне изградба и на погон на австрискиот произведувач на накит, Swarovski.
Согласно со Програмата за изградба и одржување на станови на Владата на Р. Македонија, денес во општина Штип ќе се одржи јавна прелиминарна електронска распределба на 91 социјален стан.
Почнувајќи од од 1-ви јануари идната година превозот на стока меѓу Република Македонија и Република Хрватска ќе биде целосно либерализиран.
Јапонија во месец октомври забележа трговски дефицит, четири месеци по ред, откако должничката криза и напнатите односи со Кина го намалија извозот.
“Како до изготвување проекти за локален економски развој и поттикнување на малите бизниси во полошкиот регион” е темата на денешната конференција за финансиките можности, која се одржа во Маврово.
Српскиот пазар на капитал е во криза и работи можеби во најтешки околности во својата понова историја, оцени директорката на Белградската берза, Гордана Достаниќ.
До март 2013 година граѓаните на Прилеп ќе добијат нова автобуска станица, откако денес на електронска аукција, општината го продаде земјиштето од 5.300 м2 површина во близина на железничката станица.
Загубите во словенечкиот банкарски сектор пред оданочувањето, во првите девет месеци од оваа година изнесувале 76 милиони евра, објави словенечката централна банка.
Министрите за финансии од еврозоната не се договорија за новата транша помош за Грција и најавија дека повторно ќе се сретнат во понеделник. Непостигнувањето на договор ги разочара и инвеститорите, па утрово на европските берзи е забележителен благ бад на цените на акциите.
Окта е единствената компанија во регионов, која е членка на Партнерството за чисти горива и возила. Окта ги применува современите и еколошки начини на производство на безоловни бензини и нафтени деривати со ниска содржина на сулфур.
Еколошката организација Greenpeace пронајде опасни хемикалии во облеката на познати модни марки како што се Zara, Levi’s и Calvin Klein. Тестовите покажале дека производите на Zara содржат хемикалии и бои кои предизвикуваат хормонално пореметување и испуштаат канцерогени материи.
Во општина Шуто Оризари денес ќе биде поставен камен темелник на објект за производство на опрема за рециклирање отпад и отпадни води на хрватската компанија Техникс.
Кина соопшти дека САД е нејзин најголем извозен пазар. САД ја поминаа Европската унија, која поради должничката криза ја намали побарувачката.
Во Скопската oпштина Илинден е пуштен во употреба нов објект Интер мол. Зданието се простира на површина од 14.000 метри квадратни и во него се инвестирани пет милиони евра
Цената на златото ќе продолжи да расте и следната година, додека во последниот квартал ќе изнесува во просек 1.925 долари по унца, прогнозираат аналитичарите на Блумберг.
Глобалниот фармацевтски гигант Pfizer отвори нова фабрика за производство на пневмококна конјугирана вакцина во Истанбул, Турција. Ова е трета ваква фабрика на Pfizer, по првите две лоцирани во САД и Ирска.
Шпанската централна банка објави дека вкупниот удел на лоши кредити во шпанскиот банкарски сектор во септември достигнал рекордни 10,7% од нивната вкупна вредност. Колку за споредба, во август нивниот удел изнесувал 10,5%.
Според весникот Sunday Telegraph, Мариса Маер, извршниот дирекот на Yahoo! и Шерил Сандберг, главниот раководител на Фејсбук, разговарале за тоа како двете компании би можеле да соработуваат повеќе.










