И покрај економската криза, Грција и понатаму е балканската држава со најголем број милионери со богатство од повеќе од 30 милиони американски долари (23,2 милиони евра). Maкедонијa и Црна Гора се на 41-вото, односно 42-рото место.
На ранг листата на Финанце Топ 101, најголеми и најбогати компании, словенечкиот фармацевтски гигант Крка беше најголема компанија според ранг листата на Финанце 101 , пред тоа оваа позиција ја имаше Меркатор.
Лидл веќе купил земјиште во нишката населба Дуваниште, во близина на Бриколаж и Меркатор, а претставниците на овој синџир маркети планираат да отворат уште неколку објекти во Ниш.
Државата мора да ја поддржи куповната моќ на населението бидејќи е очигледно дека мерките за штедење не дадоа резултати во Грција
Надзорниот одбор и Управниот одбор на АД КТБ донесоа решение за промени во Управниот одбор.
На годишна основа цените на куќите во Хрватска паднале за 5,2%, а на градежното земјиште за 6,5%.
Швајцарската компанија Раихал - Масари (R&M) отвори фабрика за производство и составување на платформи во Софија.
Просечната нето плата во Хрватска во јули изнесувала 5.424 куни или 729 евра, соопшти Државниот статистички институт.
Поради економската ситуација, словенечката влада одлучи да ги продаде трите компании во сопственост на државата - Телеком Словенија, Триглав осигурување и енергетска компанија Петрол.
Компанијата Хенкел планира да вложи 7,5 милиони евра во Србија, а во изминатите десeт години во оваа земја нејзините инвестиции изнесуваат вкупно 130 милиони евра.
Истанбул планира да изгради финансиски центар за 2,6 милијарди долари, кој ќе му конкурира на оној во Дубаи.
Руски инвеститори најавуваат интерес за одморалиштето Сончев Брег
Во Србија од денска е зголемена општата стапка на ДДВ од 18 на 20 отсто
Девет компании ќе учествуваат во конзорциунот кои ќе го градат Белене. Само еден од нив е западноевропска фирма, сите други се американски.
Претставник на компанијата Бош и премиерот на Србија Ивица Дачиќ, во Пеќ поставија камен темелник на новата фабрика на Бош која во наредните седум години ќе вложи 70 милиони евра, а ќе вработи 620 луѓе.
Новиот принцип на работа го воведе Хрватската железница, а многу брзо ќе го воведе и Кроација ерлајнс. Во државната компанија ХЖ Инфраструктура воведени се нови правила за менаџерите
Државниот долг на Србија на крајот на август изнесувал 15,47 милијарди евра, што изнесува 56,5% од бруто домашниот производ на земјата.
Министерот за финансии и економија, Млаѓан Динкиќ, се сретна со потпретседателот на кинеската Ексим банка Лиу Лианг, од кој, во име на Владата на Србија, побара долгорочен кредит од 850 милиони евра.
Агрокор планира да издаде обврзници во износ од 475 милиони евра, за целите на рефинансирање на постоечките долгови. За таа цел Агрокор ги избрала БНП Парибас, ЈП Морган и Уникредит.
Турција се откажала од учество во проектот за брз пат Русе-Свиленград. Ова го објави министерот за регионален развој и јавни работи Лилјана Павлова.
До 2015 во Европа може да се отворат до 700.000 слободни работни места во сферата на информациските и телекомуникациските технологии, а во Бугарија се уште половина од населението никогаш не корист интернет.
Бугарската економија покажува знаци на стабилизација и тенденцијата кон закрепнување. Ова го покажа 14-тото издание на годишната листа Топ 100 на Бугарската трговско-индустриска комора.
Словенците се разгневени и збунети. Нивниот премиер е обвинуван за корупција, невработеноста е висока, банките во земјата се на работ на банкрот и претстојат серија болни структурни реформи.
Француската банкарска групација Креди Агрикол најверојатно ќе ја продаде својата грчка филијала Емпорики за едно евро.