Лос Анџелес е најголемиот град во САД што забранува употреба на пластични ќеси во трговските центри и маркети. Граѓаните ќе мораат да си носат свои торби или да плаќаат по 10 центи за хартиени ќеси.
Според експертите, повеќето граѓани додека се на работа времето го трошат на мрежите како Facebook, Twitter и ВКонтакте, а тоа се рефлектира и на продуктивноста.
Овие сивански куќи станаа дел од еколошки ориентираниот хотел Adrere Amellal, кој не нуди WiFi, телефон, електрична енергија, туку небо со ѕвезди и прекрасни пејсажи.
Наместо четврток и петок, според објавениот кралски декрет, викенд во Саудиска Арабија ќе биде петок и сабота.
Доколку добиете порака на Facebook во која пишува Hey (вашето име) your Facebook account has been closed или Hi (вашето име) your Facebook account is blocked, немојте да ја отварате затоа што се работи за вирус.
Сегашната тактика на Google се бихевиористичките интервјуа со кандидатите, каде ќе добиваат прашања од типот на тоа како реагирале во одредени ситуации. Хипотетичките прашања ќе бидат исклучени.
Судот во Санкт Петербург му забрани на рускиот нафтен гигант Газпром да изгради ново седиште во овој град. Проектот вреден 226 милиони долари падна поради археолошките наоѓалишта во градот кој е под заштита на УНЕСКО.
Chrysler ќе повлече 2,7 милиони постари модели на џипови поради ризикот од запалување на резервоарот за гориво. Повлечени ќе бидат Jeep Grand Cherokee од 1993 до 2004 година и Jeep Liberty од 2002 до 2007 година.
По внимателното следење и почитување на барањата на патниците од својата мрежа што опфаќа 60 дестинации, нискотарифниот авиопревозник од Дубаи Flydubai, денес објави дека ќе започне со работа на бизнис-класата и услугите поврзани со неа.
Google работи на технологија која ќе овозможи многу понапредно и подобро блокирање на детска порнографија од резултатите на пребарувањата.
Државната нафтена компанија на Азербејџан, СОКАР, е во финална фаза од преговорите за преземање на грчката компанија за гас ДЕПА, изјави првиот човек на СОКАР, Ровнаг Абдулајев.
Германскиот автомобилски гигант Volkswagen денес објави дека ќе повлече речиси 26.000 возила во Австралија, поради потенцијални проблеми со менувачот на брзини.
Бразилскиот стадион Estádio Governador Magalhães Pinto доби нов фотонапонски покрив за Светското првенство во фудбал што ќе се одржи во 2014 година.
Пакистанскиот министер за ИТ и телекомуникации Ануша Раман Кан најави дека доколку не ги отстрани сите “бласфемични и навредливи содржини” од YouTube, ќе бидат блокирани сите страни на Google.
Google ги зголеми наградите што ги исплаќа за откривање на сериозни безбедносни пропусти во своите производи. До сега Google има примено 1.500 извештаи за пропусти кои се прифатени, а преку 250 лица добиле вкупно околу 828.000 долари.
Причина за тоа се реакциите на кинеските производители на автомобили дека европските фирми, благодарение на субвенциите на своите влади, можат да продаваат автомобили во Кина со загуба.
Ултра - ефикасниот и моќен 1.0 - литарски EcoBoost бензински мотор на Ford е прогласен за меѓународен мотор на годината за 2013 година. Моторот на Ford со три цилиндри оваа награда ја освојува втора година по ред.
Американскиот дневен весник Вашингтон пост (The Washington Post) од 12 јуни ќе почне со наплата на онлајн содржините и ќе понуди пакети за дигитална претплата на месечно ниво во износ меѓу 9,99 и 14,99 долари.
Туристичкиот сектор веќе ги чувствува негативните последици од протестите кои започнаа како мирен протест за спасување на Гези паркот во Истанбул. Откажани се преку 40% хотелски резервации, главно во Истанбул.
Во Куба официјално е дозволено отворање на 118 интернет кафулиња, во кои еден час користење на интернет чини 3,5 евра, што е премногу ако се земе во предвид дека најголемиот број Кубанци заработуваат до 15 евра месечно.
Во документот на ММФ со ознака “строго доверливо” стои дека пред три години ја потцениле штетата што ќе и ја нанесат мерките на штедење на грчката економија.
Компанијата Johnson & Johnson повелкува околу 32 милиони пакети со апчињата за контрацепција Cilest во Европа, Азија и Латинска Америка, јави денес Reuters повикувајќи се на портпаролката на компанијата.
Набрзо откако се појави првата порнографска апликација за очилата на Google, компанијата итно ги промени правилата и забрани порнографска содржина.
Apple веројатно ќе воведе бесплатно интернет радио коешто ќе може да се користи на мобилните уреди и ќе биде поврзано со iTunes, со опција за купување на музички содржини.